Пребарување

Vatican News
Брифинг за Синодата посветен на Амазонија Брифинг за Синодата посветен на Амазонија 

Брифинг за Синодата: Потребно е формирање на амазонски семинарии

Шестиот брифинг за печат за Синодата посветен на Амазонија ја истакна желбата да се основа амазонска семинарија, а се зборуваше за воведување на „гревови на животната средина“ и за целосна екологија

Формација- клучен збор е инкултурација

Брифингот беше посветен на теми поврзани со формирањето на „служители на народот“ - како што рече епископот Рафаел Коб Гарсија, апостолски викар од Пуја во Еквадор. Според него, клучен збор во формацијата на идните свештеници и пасторални работници во Амазонија е инкултурација; да се направи Евангелието да влезе во културите кои што треба да ги евангелизираме. Ова е тешко, поради што се потребни домородни свештеници и ѓакони.

За жал, додаде тој, има малку домородни семинаристи кои стигнуваат до свештенството, затоа што професорите во градската семинарија имаат различни културални темели и многу млади домородци се обесхрабруваат и потоа се повлекуваат. Покрај тоа, младите домородни семинаристи, како и  повозрасните во нивните заедници, не ја разбираат канонската норма на свештеничкиот целибат - истакна епископот Коб Гарсија.

Епископот Коб Гарсија: Едукатори кои ја познаваат домородната култура

Проблемот, објасни тој, е што има недостиг на предавачи подготвени за инкултурирана формација и, згора на тоа, не е добро да се преместуваат студенти од семинарија во други градови. Затоа тој сонува да основа амазонска семинарија, со формација која е различна од академска и практична гледна точка како со едукатори кои веќе живеат во таа област и ја познаваат амазонската реалност. Тие треба да го знаат јазикот на домородните заедници и да го споделат нивниот секојдневен живот со нив. За да разберат како да ја слават инкултурираната литургија, треба да ги знаат симболите и знаците на домородните култури - рече епископот Коб Гарсија.

Синодата за улогата на жената во немонашки служби

Раководител на Дикастеријата за комуникација на Светиот Престол рече дека на Синодата исто така беше предложено да се одржи општа синода за улогата на жените, нивно изедначување со мажите во немонашки служби и нивната улога како лаици во заедниците, додека сестрата Зули Роза Ројас Квиспе, од Конгрегацијата на Сестри мисионерки Доминиканки на Светата Бројаница, задолжена за пасторалот на домородците во апостолскиот викаријат Пуерто Малдонадо, Перу, предложи обнова на студиите за идните свештеници во богословиите. Формација на богословите, како што забележа таа, е ограничена на филозофија, а не на наследена мудрост и учење на многу јазици на амазонските народи.

Домороден ѓакон: Семејството ме следи во мојата служба

Еден од двајцата ѓакони присутни на синодата, Франциско Андреде де Лима, извршен секретар за северот на Бразилската епископска конференција, исто така, зборуваше за ѓаконатот на жените, велејќи дека тој не гледа проблем во можноста жените да ја извршуваат неговата служба, но започнувајќи со повикот и посланието на Црквата во Амазонија, а не само за да се надомести недостаток на лица кои ја водат заедницата. Јас сум во брак, имам две ќерки и моето семејство ме придружува низ целата моја служба - рече ѓаконот.

Еколошки гревови и целосна екологија

Конечно, беше споменато воведувањето „еколошки гревови“ и се изрази мислење дека Синодата за Амазонија може да биде можност за Црквата  целосната екологија на хармоничен начин да влезе во теолошки разговор, проширувајќи го просторот на христијанскиот морал, теолошката антропологија и егзегезата, воведувајќи грев против животната средина и планетата. Целата еклезиологија треба да се преиспита, интегрирајќи го поимот на целосна екологија - забележа Адријано Циока Васино, епископ на Сао Феликс, Бразил.

15 октомври 2019, 16:15