Пребарување

Најчесто поставувани прашања

Што е Ватикан њуз?

Ватикан њуз е нов ватикански информативен портал, каде можете да ги најдете најновите вести за папата Фрањо, Светиот Престол, Црквата во светот и меѓународни актуелности. Ватикан њуз исто така може да го најдете на главните социјални медиуми: Facebook, Twitter, YouTube и Instagram.

Дали Ватикан њуз има билтен?

Да. Ако сакате да се претплатите на бесплатниот билтен двапати неделно (понеделник и четврток) на Ватикан њуз, кликнете овде.

Каде можам да пријавам технички проблеми на Ватикан њуз?

Ако сакате да пријавите технички проблеми на порталот или билтенот на Ватикан њуз, можете да испратите маил на: english@vaticannews.va или  webmaster@vaticannews.va

Како можам да го користам материјалот објавен на Ватикан њуз?

Информациите за условите и правилата за користење на материјалот објавен на Ватикан њуз погледнете ги на порталот на страницата посветена на правните напомени.

Каде можам да ги најдам официјалните говори на папата Фрањо?

Сите официјални и целосните текстови на папата Фрањо може да ги најдете на официјалната интернет страна на Ватикан посветена на Светиот Отец.

Како можам да го дознаам распоредот за настани со Папата?

За информации за славењата кои ги предводи папата Фрањо посетете ја официјалната интернет страна на Ватикан посветена на Календарот со Литургиските славења.

Како можам да добијам Папски благослов?

За информација за тоа како се добива Апостолски благослов на пергамент, посетете ја интернет страницата на Апостолската милостилница (Elemosineria Apostolica).

Како можам да присуствувам на Генерална аудиенција?

Влезниците за присуство на Генерална аудиенција се бесплатни. За информација како да добиете влезници, посетете ја интернет страницата на Префектурата на Папскиот дом.

На која адреса можам да му испратам писмо на папата Фрањо?

Можеш да го адресираш твоето писмо до: „Sua Santità Papa Francesco. Casa Santa Marta. 00120 Città del Vaticano“.

Како можам донирам за каритативните активности на Папата?

Каритативните дела на Папата се доверени на Obolo di San Pietro (Peter’s Pence). За поддршка на бројните потреби на општата Црква и иницијативите на  солидарност со цел помош на оние во најголема потреба, сите информации може да се најдат овде.

Каде можам да најдам информација за Ватиканските музеи и градини?

За информација за влезниците, резервациите, за индивидуални лица и тури со водич на ватиканските музеи, градини и Апостолската палата во Кастел Гандолфо посетете ја страницата посветена за посетата на Ватиканските музеи.

Кога е отворена базиликата Свети Петар за посетители?

За информација во врска со можноста за влез во базиликата и за распоредот на светите Литургии и можноста за света Исповед во папските базилики Свети Петар, Свети Павле надвор од ѕидините, Свети Иван Латерански, Света Марија Велика посетете ја официјалната страница на Ватикан.

Каде можам да купам ватикански монети и поштенски марки?

За информација во врска со Ватиканските нумизматички и филателистички прашања, посетете ја интернет страницата на Управата на Градот Ватикан (Governatorato della Città del Vaticano), посветена на Филателистичка и нумизматичка канцеларија.

На кој начин можам да купам фотографија со Папата?

За да купите и нарачате фотографии од јавни настани со папата Фрањо посетете ја интернет страницата на Ватиканската фотографска служа (Servizio Fotografico Vaticano-Vatican Media).

Дали има веб камери во Ватикан?

Да. За да видите некои од најзначајните места во државата градот Ватикан во живо, посетете ја интернет страницата на Управата на градот Ватикан (Webcam del Governatorato della Città del Vaticano).