Папата: Да ја довериме Украина под застапништво на Едит Штајн
Од Света Тереза Бенедикта од Крстот, папата Фрањо повика за дарот на мир за Европа, на која таа е сопатрон. Го доверуваме драгото население на Украина на нејзино застапништво, за наскоро повторно да најде мир - рече Папата на крајот од Генералната аудиенција која се одржа во среда 9 август 2023 година во салата Павле VI, спомнувајќи ја Кармелитјанката Едит Штајн, жртва на холокаустот, чиј литургиски спомен се слави во Црквата токму на 9 август.
Нејзиното сведоштво нека поттикне посветеност за дијалог и братство меѓу народите и против сите форми на насилство и дискриминација.
Застапништво од Едит Штајн
Филозоф со еврејско потекло, која на млада возраст го прифатила христијанството, а потоа влезе во Редот на босите Кармелитјанки, била заробена заедно со една нејзина сестра во манастирот Ехт во Холандија и депортирана во концентрациониот логор Аушвиц. Таа почина таму во гасна комора на 9 август 1942 година. Педесет и седум години подоцна, на 1 октомври 1999 година, Иван Павле II. ја прогласи за сопатрон на Европа. Во таа прилика тој посочи дека тоа значи подигање на знамето на почит, толеранција и прифаќање на хоризонтот на Стариот континент, што ги поттикнува мажите и жените да формираат вистинско братско општество.
Денеска папата Фрањо се помоли на неа за повторно да се воспостави мир во Европа, која изгледа дека го загуби патот на дијалогот и братството.
Непроценливиот дар на мирот
Папата зборуваше и за мирот притоа поздравувајќи ги полските верници присутни на Генералната аудиенција, а посебно ја спомена Украина. Обраќајќи им се на оние кои деновиве се на ходочастие во Јасна Гора и другите маријански светилишта, папата Фрањо - потсетувајќи се на своите зборови во последното обраќање по молитвата Ангел Господов на Светскиот ден на младите во Лисабон - сакаше да ја сподели - како што рече – „желбата која ја имам во срце, желбата за мир во целиот свет.“
На неа молитви, која е Царица на мирот, принесете ѝ молитви. Молете се за тој бесценет дар, посебно за милата и напатена Украина.
Да се обнови грижата за целото создание
Проширувајќи го своето гледиште, мислите на римскиот бискуп стигнаа до Бразил, каде што на 8 август, во градот Белем до Пара, на самитот на земјите-членки на Амазонската организација за договор за соработка (Organización del Tratado de Cooperación Amazónica - OTCA), тело кое во 1995 година го озноваа земјите чии територии се покриени со прашуми, односно Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор, Гвајана, Перу, Суринам и Венецуела. Ги ветувам моите молитви за успех на средбата – рече папата Фрањо и изрази конкретна желба:
Секој нека ја обнови својата заложба за грижа за создадениот свет и одржливиот развој.