Пребарување

2022.08.27 Concistoro Ordinario Pubblico per la creazione di nuovi Cardinali

Папата го најави конзисториумот за именување на 21 нов кардинал

По молитвата Ангел Господов, во недела, на 9 јули 2023 година, Папата го најави конзисториумот на кој ќе креира нови кардинали. Светиот Отец ги прочита нивните имиња, меѓу кои се и тројцата нови префекти на ватикански дикастерии (Дикастерија за именување на епископи, Дикастерија за Источните цркви и Дикастерија за наука на верата). Меѓу новите кардинали се надбискупот од Џуба во Јужен Судан, како и бискупот од Хонг Конг.

На крајот од пладневното обраќање, по молитвата Ангел Господов, папата Фрањо најави одржување на конзисториум за креирање нови кардинали.

„Сега сакам да најавам дека на 30 септември ќе се одржи конзисториум за именување нови кардинали. Нивното потекло ја изразува универзалноста на Црквата, која продолжува да ја навестува Божјата милосрдна љубов на сите луѓе на земјата. Вклучувањето на нови кардинали во Римската епархија, освен тоа, ја покажува нераскинливата врска помеѓу Петровиот Престол и партикуларните Цркви распространети низ целиот свет“ – рече папата Фрањо.

Еве ги имињата на новите кардинали:

1. Неговата Екселенција монс. Роберт Френсис Превост, ОСА, префект на Дикастеријата за епископи

2. Неговата Екселенција монс. Клаудио Гуџероти, префект на Дикастеријата за Источните цркви

3. Неговата Екселенција монс. Виктор Мануел Фернандез, префект на Дикастеријата за наука на верата

4. Неговата екселенција монс. Емил Пол Чериг, апостолски нунциј

5. Неговата Екселенција монс. Кристоф Луис Ив Жорж Пјер, апостолски нунциј

6. Неговата екселенција монс. Пјербатиста Пицабала, латински патријарх на Ерусалим

7. Неговата Екселенција монс. Стивен Бризлин, надбискуп на Кејптаун

8. Неговата Екселенција монс. Анхел Сиксто Роси, СЈ, надбискуп од Кордоба

9. Неговата Екселенција монс. Луис Хозе Руеда Апарисио, надбискуп од Богота

10. Неговата Екселенција монс. Грегор Риш, надбискуп од Лоѓ

11. Неговата Екселенција монс. Стефан Амеју Мартин Мула, надбискуп од Џуба

12. Неговата Екселенција монс. Хозе Кобо Кано, надбискуп од Мадрид

13. Неговата Екселенција монс. Протасе Ругамбва, коадјутор надбискупо од Табора

14. Неговата Екселенција монс. Себастијан Френсис, бискуп од Пенанг

15. Неговата Екселенција монс. Стивен Чоу Сау-Јан, СЈ, бискуп од Хонг Конг

16. Неговата Екселенција монс. Франсоа-Ксавиер Бустиљо, Конв. ОФМ, бискуп од Ајачио

17. Неговата Екселенција монс. Америко Мануел Алвес Агиар, помошен бискуп од Лисабон

18. Дон Анхел Фернандез Артиме, СДБ, Голем ректор на Салезијанците

„Заедно со нив ќе вклучам во Кардиналскиот колегиум двајца надбискупи и еден монах кои се истакнаа по својата служба на Црквата. Тие се:

Неговата екселенција монс. Агостино Марчето, апостолски нунциј

Неговата екселенција монс. Диего Рафаел Падрон Санчез, надбискуп од Кумана во мир

Отец Луис Пасквал Дри, капуцин ОФМ, исповедник во храмот на Пресвета Богородица од Помпеја во Буенос Аирес

Да молиме за новите кардинали, потврдувајќи ја нивната приврзаност кон Христа, милосрдниот и верен Првосвештеник (сп. Евреите 2,17), да ми помогаат во мојата служба како епископ на Рим во корист на целиот верен свет Божји народ – рече папата Фрањо“ – рече на крајот Светиот Отец.

09 јули 2023, 17:36

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >