Пребарување

Several inmates dead following a riot in women's prison in Honduras

Папата Фрањо моли за помирување по бунтот во еден затвор во Хондурас

По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо спомна за жртвите од бунтот во затворот во Хондурас и маченичкиот украински народ. Потсети и на Емануела Орланди, девојка која исчезна во 1983 година, а своите мисли ги насочи кон семејствата на сите исчезнати лица.

По молитвата Ангел Господов, во недела 25 јуни 2023 година, Светиот Отец изрази жалење за трагедијата што се случи во вторник, на 22 јуни 2023 година, во еден затвор во Хондурас, каде што животот го загубија 46 жени.

Многу ме нажали она што се случи пред неколку дена во Женскиот канзен центар во Тамара, Хондурас. Страшното насилство меѓу ривалските банди посеја смрт и страдање. Се молам за починатите и нивните семејства. Нека Пресвета Богородица од Сујапа, Мајка на Хондурас, им помогне нивните срца да се отворат за помирување и да направи простор за братски соживот дури и во затворите.

Папата Фрањо потоа ја изрази својата близина со семејството на Емануела Орланди, ватиканска државјанка кој исчезна на 22 јуни 1983 година. Стотина демонстранти, заедно со братот на Емануела, Пјетро, беа на плоштадот Свети Петар носејќи транспаренти и фотографии од девојката.

Деновиве се навршија 40 години откако исчезна Емануела Орланди. Сакам да ја искористам оваа околност уште еднаш да ја изразам мојата близина со семејството, особено со нејзината мајка и ги ветувам моите молитви. Моите мисли се со сите семејства погодени од исчезнување на некоја сакана личност.

Во своите поздрави до присутните ходочасници, Папата уште еднаш ги посвети своите мисли на Украина. Поздравувајќи ги волонтерите на Радио Марија Италија, присутни на плоштадот со голем транспарент, кој, како што рече, ги повикува сите да се стават под заштита на Дева Марија за да му се помолат на Бога за дарот на мирот и посебно да молиме за маченичкиот украински народ - истакна папата Фрањо.

25 јуни 2023, 17:25

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >