Пребарување

2023.05.28 Regina Caeli

Папата потсети на молитвата за Епископската синода

На крајот од молитвата Царице небесна во недела 28 мај 2023 година папата Фрањо потести на молитвата за подршка на подготовките за Синодата

На крајот од молитвата Царице небесна во недела 28 мај 2023 година папата Фрањо потести на молитвата за подршка на подготовките за Синодата, која ќе се одржи ширум светот на 31 мај: Следната среда, на крајот на мај, се планирани молитви во маријанските светилишта ширум светот за поддршка на подготовките за следното Редовно собрание на Епископската синода. Ја молиме Дева Марија со својата мајчинска заштита да ја следи оваа важна етапа од Синодата. Нејзе и ја доверуваме и желбата за мир на толку многу народи ширум светот, посебно на населението на маченичката Украина.

02 јуни 2023, 10:01

Што е Царице небесна?

Антифонот Царице небеска (Regina Caeli) е еден од четирите маријански антифони (другите се Alma Redemptoris Mater, Ave Regina Coelorum и Salve Regina).

Папата Бенедикт XIV, во 1742 година, ја пропиша офаа молитва да се моли наместо Ангел Господов, како знак за победа над смртта, за време на Воскресното време, односно од неделата на Воскресение до денот на Педесетницата.

Како и Ангел Господов, и оваа молитва се моли трипати на ден: наутро, напладне и на зајдисонце, и на тој начин денот го посветуваме на Бог и на Марија.

Овој многу стар антифон датира, според една побожна традиција, од VI или X век, додека нејзиното распространување е документирано во XIII век, кога станува дел од Фрањевскиот часослов. Молитвата се состои од четири кратки стихови од кои секој завршува со Алилуја, и истата претставува молитва што верниците ја упатуваат до Марија, небесната Царица, и така заедно со неа се радуваме за Воскресението.

Папата Фрањо, на 6 април 2015 година, токму за време на молитвата Царице небесна на вториот ден од Велигден, даде совет за тоа каква треба да биде состојбата на срцето кога се моли оваа молитва:

„ ...Се обраќаме кон Марија поканувајќи ја да се зарадува, бидејќи Оној што го носеше во утробата воскресна како што вети и така се доверуваме на нејзиното застапништво. Всушност, нашата радост претставува еден отсјај на радоста на Марија, бидејќи Таа е онаа што ги зачувала и ги чува со вера настаните на Исус. Значи, ја молиме оваа молитва со чувство на деца кои се среќни, бидејќи нивната Мајка е среќна“.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >