Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо молеше Ангел Господов од поликлиниката Џемели Папата Фрањо молеше Ангел Господов од поликлиниката Џемели 

Папата Фрањо молеше Ангел Господов од поликлиниката Џемели

Пладневно обраќање на папата Фрањо во недела 11 јули 2021 година беше посебно. Од балконот на 10-ти кат во поликлиниката Џемели, папата Фрањо изрази задоволство што може да го одржи вообичаеното неделно обраќање со верниците кои се собраа во голем број пред болницата. Тој ги насочи своите мисли особено кон болните и упати силен апел за мир и национална слога на Хаити.

Папата Фрањо се обрати пред молитвата Ангел од балконот на 10-ти кат во поликлиниката Џемели, каде се опоравува од операцијата која беше извршена минатата недела. Исто така, за него беше можност да се заблагодари за добрите желби што ги доби овие денови. Ви благодарам на сите; Ја чувствував силно вашата близина и поддршката на вашите молитви - рече тој и се осврна на Евангелието од Литургија.

Евангелистот Марко зборува за грижата на учениците, кои Исус ги испрати кај болните; ги помазуваа со елеј и ги лекуваа. Елејот е знак на Светата Тајна елеопомазание на болните, но исто така е и слушање, близина, грижа и нежност на оние кои се грижат за болното лице, а со тоа ја ублажуваат неговата болка - рече Папата. На сите нас, порано или подоцна, ни треба ова „помазание“ на близина и нежност - додаде тој - и сите можеме да го дадеме на некој друг: посета, телефонски повик, подадена рака на оние на кои им е потребна помош. Да се потсетиме дека во протоколот за последниот суд, една од работите за која ќе не прашаат е близината со болните.

Деновиве за време на мојот престој во болницата, повторно почувствував колку е важна добрата здравствена служба - рече тој, нагласувајќи дека на сите земји им е потребна бесплатна здравствена услуга која гарантира добра услуга достапна за сите. Тоа е скапоцено добро што не смее да се изгуби. Затоа сите треба да се ангажираат, бидејќи на сите им треба и бара придонес од сите. Дури и во Црквата се случува здравствена установа, поради лошото управување, да не се снаоѓа економски добро, а првата мисла што ни паѓа на ум е да ја продадеме оваа структура - забележа Папата и предупреди: Но, твојот повик е во Црквата; не е за да имаш пари, туку да дадеш услуга, а услугата е секогаш да биде бесплатна. Не заборавајте го тоа: треба да се зачуваат бесплатните установи.

Потоа Светиот Отец изрази благодарност и охрабрување на лекарите и сите здравствени работници и вработените во поликлиниката Џемели, како и на сите други болници, кои - како што истакна - работат напорно. Болните ги довери на Марија, Здравје на болните и ги поттикна верниците да се молат за сите болни, особено за болните деца и оние кои се во тешка состојба. Никој да не остане сам, секој може да добие помазание со слушање, близина, нежност и грижа - истакна Папата.

По молитвата Ангел Господов папата Фрањо се осврна на ситуацијата на Хаити по убиството на претседателот и се приклучи на повикот на бискупите од Хаити да прекине насилството во таа земја, да го положат оружјето и да изберат живот. Јас сум близок со драгиот народ од Хаити; Се надевам дека спиралата на насилство ќе заврши и дека оваа земја ќе продолжи по патот кон иднината на мир и слога - рече папата Фрањо.

https://www.youtube.com/watch?v=qavG9fgfxrw
12 јули 2021, 16:50

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >