Пребарување

Папата Фрањо за време на Ангел Господов на празникот Свети Петар и Павале Папата Фрањо за време на Ангел Господов на празникот Свети Петар и Павале 

Ангел Господов: Премногу приказни, премалку сведочење

На Исус не му требаат обожаватели, туку сведоци, порача папата Фрањо во обраќањето пред молитвата Ангел Господов на празникот свети Петар и Павле, 29 јуни 2021 година.

И двајцата првоапостоли не биле гледачи, туку протагонисти на Евангелието, верувале не со зборови, туку со дела – истакна Папата. Петар не зборувал за својата мисија, бил рибар во душата, Павле на своите патувања и во сведоштвата не пишувал учени книги, туку писма полни со живот. Двајцата живееле во служење на Господ и на своите браќа и сестри - речеПапата.

Тоа е „провокација“ за денешните христијани затоа што сме во опасност да изразуваме ставови, да имаме сјајни идеи и да се користиме со убави зборови без вистинско лично вклучување. Само колку пати кажуваме дека сакаме Црква верна на Евангелието, поблиска до луѓето, пророчка и мисионерска – но ништо конкретно не правиме - предупреди Светиот Отец. Колку е тажно да се види колку раскажуваат, коментираат и расправаат, но само ретки сведочат - оцени Папата додаваќи: Петар и Павле ги имале своите мани, но тоа ги прави уште поверодостојни.

Сведоците не се губат во зборовите, туку донесуваат плод. Не се жалат од другите и светот, туку започнуваат од себе самите. Потсетувајќи дека на Бог не треба да се објави, туку да се покаже, не со прокламации, туку со пример - истакна Папата. Нашето сведоштво започнува со вистината за нас самите, со борбата против сопствената дволичност и лага. Господ преку нас може да прави големи работи ако не се посветиме на сопствениот имиџ, туку ако бидеме искрени со Него и ближните - заврши Папата.

https://www.youtube.com/watch?v=WV_Ug4W5j-w
30 јуни 2021, 10:07

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >