Папата Фрањо до народот на Мадагаскар: На срцето ми е вашата светост
Само неколку дена пред посетата, преку видео порака папата Фрањо се обраќа до народот во Мадагаскар со зборовите: Драги браќа и сестри во Мадагаскар! Со благодатта Божја за неколку дена ќе бидам меѓу вас! Би сакал уште сега срдечно да ве поздравам и да ви се заблагодарам за сето она што сте го направиле и што го правите за да се подготвите за мојата посета. Посебно ви се заблагодарувам за вашата лична, семејна и парохиска молитва, како и за онаа во болниците и затворите. Молитвата не познава граници и кога ќе бидам во Мадагаскар, иако ќе можам да посетам само некои места, со молитвата ќе дојдам со сите вас и за сите ќе молам Божји благослов.
Драги пријатели во Мадагаскар вашата земја е позната по своите природни убавини и затоа велиме: Фален биди Господи! Наша обврска е внимателно да се грижиме за нив. Но, постои и друга убавина која уште повеќе е на срцето на Христос и на Папата, а таа е убавината на вашиот народ, односно неговата светост! Затоа ќе дојдам да ве зацврстам во верата и во исто време да црпам сила од неа. Нека Пресветата Девица го измоли тој дар за нас. Благодарам! Се гледаме наскоро! – заврши Светиот Отец.