Папата упати видео порака до народот на Мадагаскар Папата упати видео порака до народот на Мадагаскар 

Папата Фрањо до народот на Мадагаскар: На срцето ми е вашата светост

На 6 септември папата Фрањо ќе појде во посета на Мадагаскар. Посетата на Мадагаскар е дел од втората етапа од неговото 31. Апостолско патување во рамките на кое ќе ги посети исто така Мозамбик и Маурициус. Само неколку дена пред патувањето преку видео порака се обраќа до народот на Мадагаскар.

Само неколку дена пред посетата, преку видео порака папата Фрањо се обраќа до народот во Мадагаскар со зборовите: Драги браќа и сестри во Мадагаскар! Со благодатта Божја за неколку дена ќе бидам меѓу вас! Би сакал уште сега срдечно да ве поздравам и да ви се заблагодарам за сето она што сте го направиле и што го правите за да се подготвите за мојата посета. Посебно ви се заблагодарувам за вашата лична, семејна и парохиска молитва, како и за онаа во болниците и затворите. Молитвата не познава граници и кога ќе бидам во Мадагаскар, иако ќе можам да посетам само некои места, со молитвата ќе дојдам со сите вас и за сите ќе молам Божји благослов.

Драги пријатели во Мадагаскар вашата земја е позната по своите природни убавини и затоа велиме: Фален биди Господи! Наша обврска е внимателно да се грижиме за нив. Но, постои и друга убавина која уште повеќе е на срцето на Христос и на Папата, а таа е убавината на вашиот народ, односно неговата светост! Затоа ќе дојдам да ве зацврстам во верата и во исто време да црпам сила од неа. Нека Пресветата Девица го измоли тој дар за нас. Благодарам! Се гледаме наскоро! – заврши Светиот Отец.

03 септември 2019, 11:44