Пребарување

Vatican News
Свештеници во Бразил жртви на коронавирусот Свештеници во Бразил жртви на коронавирусот 

Во Бразил како последица од коронавирусот починале 21 свештеник

Католичката црква во Бразил како последица од коронавирусот загуби 21 свештеник и двајца епископи, а досега со КОВИД – 19 се заразени 347 свештеници. Исто така има сѐ повеќе заразени епископи, од кои починаа монс. Енрике Суарез де Коста (57) и Алдо Пагото (70).

Досега најмногу се погодени државите Пара и Амапа во кои 58 свештеници се заразени, а шестмина починаа, додека во североисточниот регион се заразени 57 свештеници и тројца починати.

На подрачјето на метрополата Сао Паоло има 38 заразени свештеници и еден починат, а во сојузната држава Кеара 37 се заразени и четворица починати. Само во сојузната држава Мато Гросо до Сул нема заразени свештеници од КОВИД – 19.

После САД Бразил со 2,55 милиони заразени е второ погодена земја во светот, а на 29 јули забележи и најголем број заразени во еден ден – 69.074 и 1595 починати.

31 јули 2020, 17:02