Линдау: 10. Светски самит на „Религиите за мир“
Последната средба се одржа во Виена во 2013 година и присуствуваа повеќе од 600 претставници од различни религии. Се очекува 800 луѓе да присуствуваат на настанот оваа година, вклучувајќи богопосветени лица, владини претставници, невладини организации и групи од граѓанското општество, чија цел ќе биде да се постигне длабок морален консензус за современите предизвици, да се избере нов Светски совет и да се промовираат меѓурелигиски акции преку и надвор од мрежата „Религии за мир“.
Тема на ова десетто издание на самитот е „Да се грижиме за нашата заедничка иднина“, а една од нејзините цели е да ја зајакне меѓурелигиската соработка за мир меѓу верските водачи, да се овозможи мир во земјите погодени од насилство и конфликт, како и да го помогне започнувањето на мировните процеси преку меѓурелигиски иницијативи во Демократска Република Конго, Јужен Судан, Северна и Јужна Кореја и Мјанмар.