Пребарување

Vatican News
Сточар од племето Фулани Сточар од племето Фулани 

Нигериските свештеници протестираат против владата

По убиството на уште еден католичи парох во Нигерија, свештеници од бискупијата Енугу на отворен протест против владата, која ништо не презема, го искажаа своето незадоволство против насилството кое владее во земјата

Владата и безбедносните сили мора да бидат одлучни и да ги заштитат граѓаните, порачаа околу двеста свештеници во понеделник, 5 август. Повод за протестот е убиството на 1 август на католичкиот свештеник Паул Офу во сојузната држава Енугу, кој наводно е убиен од исламистичките сточари на народот Фулани. Во соопштението на бискупијата се истакнува дека отец Офу е застрелан, затоа што не сакал да запре со автомобилот со кој се враќал од посета на еден друг свештеник.

Ова е веќе втор свештеник кој е убиен на тоа подрачје во последниот месец, а тринаеесети свештеник во светот убиен оваа година. Фондацијата со папско право „Помош на Црквата во неволја“ ја повика италијанската католичка заедница да се моли за оние кои се убиени во последните месеци во Нигерија и упати итен апел до нигериските власти да ја гарантираат безбедноста на луѓето и богослужните места. Време е да заврши тоа крвопролевање – се вели во апелот на фондацијата.

Овие месеци Нигерија се соочува со доаѓање на сточари од народот Фулaни, со исламска вероисповед, кои бегаат од проширувањето на пустината, и користејќи насилство освојуваат нови земјишта на штета на полјоделците, кои се христијани. Само во јуни минатата година повеќе од 200 полјоделци се убиени во неколку села.

06 август 2019, 08:16