Пребарување

Vatican News
Сириски деца во бегалски камп Сириски деца во бегалски камп  (ANSA)

УНИЦЕФ: Престанете да ги убивате и осакатувате децата

Со години се очекува решение за конфликтот во Сирија, каде во текот на војната речиси 5 милиони деца се родени во атмосфера на насилство, оскудица и смрт. УНИЦЕФ покрена собирање на средства за поддршка на проектите со кои се спасуваат животи.

Престанете да ги нишаните училиштата и болниците! Престанете да ги убивате и осакатувате децата! Дозволете ни да допреме до оние кои се во потреба – е апелот кој изминатите денови по повод 9 годишнината од почетокот на конфликтот во Сирија до завојуваните страни го упати генералната директорка на Меѓународниот фонд на Обединетите нации за децата (УНИЦЕФ), Хенриета Форе. По враќањето од таа измачена земја, Форе побара да се запре крвопролевањето заради кое повеќе од милион деца се изложени на насилство, смрт, болка, оскудица и раселување внатре во Сирија и странство.

7,5 милиони сириски деца во потреба

Од УНИЦЕФ потсетуваат дека во текот на 9 години војна во Сирија родени се 4,8 милиони деца, а отприлика милион се родени во бегство во соседните земји. Вкупно на 7,5 милиони сириски деца им треба помош. Околу 5 милиона се сместени во Сирија, од кои 50% биде принудени да го напуштат својот дом. Околу 2,5 милиони сириски деца во потреба се во соседните земји.

Регрутирани 5000 деца

Според податоците на УНИЦЕФ, во периодот од 2014 до 2019 година околу 9000 сириски деца се убиени или ранети, додека околу 5000 се регрутирани во борбите. Нападнати се речиси илјада училишни и здравствени институции. Околу 40% од училиштата се уништени, оштетени, претворени во засолниште за раселени лица или се користат за воени цели. Околу 2,8 милиони деца на училишна возраст во Сирија и во соседните земји немаат адекватен простор за настава. Освен тоа, не функционираат повеќе од 50% од здравствените институции.

Заради неисхранетост загрозен е животот на речиси 20.000 деца помали од 5 години; додека цените на најнеопходните производи во текот на војната пораснале 20 пати, што имало катастрофални последици за семејствата. Во последните неколку месеци дополнително се влоши воената состојба на северозапад од земјата, каде од 1 декември се раселени речиси милион луѓе. Од нив 50% сочинуваат децата кои трпат зарадо оскудица и ниските зимски температури.

За програмите за помош потребни се 682 милиони долари

Меѓу останатото од УНИЦЕФ известија дека во Сирија во текот на минатата година вакцинирале речиси 750.000 деца; за повеќе од милион деца обезбедиле психосоцијална поддршка; а за речиси 3 милиони деца на училишна возраст обезбедиле формално и неформално образование. Освен тоа со питка вода се снабдени повеќе од 5,3 милиони луѓе; додека за речиси 2 милиони луѓе се обезбедни вода и хигиенско-санитарни услови

Меѓународниот фонд за деца испрати повик до сите јавни и приватни донатори за собирање на средства во износ од 682 милиони долари. Во врска со тоа, Тед Чајбан регионален директор на УНИЦЕФ за Блискиот Исток и Северна Африка, изјави неодамна дека хуманитарната помош нема да ја запре војната, но ќе им помогне на децата да останат во живот. Напомена притоа дека единствено по дипломатски пат може да се дојде до решение на кризата во Сирија.

30 март 2020, 08:21