Пребарување

Vatican News
Седиштето на СЗО во Женева Седиштето на СЗО во Женева  (REUTERS)

Светиот Престол влегува во Светската здравствена организација како постојан набљудувач

Со Резулоцијата со наслов „Учествување на Светиот Престол во Светската здравствена организација“ која е усвоена на 74 заседавање, повеќе од 70 земји ја поддржа кандидатурата на Светиот Престол за набљудувач, како држава нечленка на Светската здравствена организација.

Светското здравствено собрание на 31 мај 2021 година со консензус ја усвои резулуцијата „Учествување на Светиот Престол во Светската здравствена организација“. Одлуката ја преложи Италија, а повеќе од 70 земји ја поддржаа кандидатурата на Светиот Престол за постојан набљудувач на Светската здравствена организација како држава нечленка. Станува збор за сведоштво на ангажирање на семејствата на народите преку дијалог и меѓународна солидарност во соочувањето со светски здравствени предизвици кои го погодуваат човештвото.

Во соопштението за медиумите Светиот Престол меѓу останатото нагласи дека таквата одлука го одразува односот кој Светиот Престол постојано го има со таа организација уште од 1953 година кога на посебните покани од главниот директор на СЗО започна да учествува на заседавањата на Светското здравствено собрание како набљудувач ad casum (набљудувач од случај до случај). Светиот Престол редовно се покануваше и на состаноците на управните тела на организацијата.

Станува збор – се наведува во соопштението од италјанската влада - за признавање на важната улога која Светиот Престол ја има на хуманитарното и здравственото поле, посебно во земјите во развој, и неодамна во борбата против пандемијата. Уверен сум дека Светиот Престол преку организациите на Католичката Црква кој веќе со години пружа помош на милиони луѓе во потреба ширум светот ќе донесе скапоцена дополнителна вредност на СЗО и уште ќе го зајакне духот на солидарноста на светско ниво. Тоа ќе биде големо вдахновение за сите држави членки – изјави министерот за надворешни работи Луиџи ди Маjо.

08 јуни 2021, 09:56