Пребарување

Vatican News
AFGHANISTAN-RELIGION-ISLAM-RAMADAN-EID

Светиот Престол започнува серија вебинари за храната

Во светло на претстојниот самит на Обединетите нации за прехранбените системи 2021 година, Државниот секретаријат на Светиот Престол, Постојаната мисија на Светиот Престол при ФАО, агенциите IFAD и PAM, Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и Ватиканската комисија Ковид-19 заедно со партнерите кои работат на безбедноста на храната започнуваат серија вебинари со наслов „Храна за живот, праведна дистрибуција на храна, храна за сите“, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 12 мај.

Вдахновени од енцикликата на папата Фрањо „Лаудато Си“ оваа серија на вебинари сака да покаже како целосната екологија – парадигма која ги зема во обѕир меѓу останатото општествените системи и екосистемите – може да вдахне регенерација на прехранбените системи во пост-ковид иднината. Со нив сака да се истакне дека Црквата и другите актери можат да придонесат за таа трансформација на прехранбените системи кон грижата за нашиот заеднички дом, искоренувањето на гладот, почитувањето на човечкото достоинство и служење на општото добро, така што никој нема да биде изоставен.

Оваа серија вебинари која започнува во текот на Лаудато Си неделата (16-25 мај) ќе даде привилигиран простор за глаот на жените, домородните заедници, луѓето кои живеат во кризни ситуации, малите земјоделци и други – за да се учи од нивните искуства и традиционалните мудрости и да се даде придонес во глобалните дебати и акциските планови.

Првиот вебинар чиј домакин ќе биде Римскиот форум ќе се одржи на 17 мај на тема „Храна за живот: Улогата на жената во промовирањето на интегралниот човеков развој.“ (...)

Водејќи се од вредностите на католичкото социјално учење, секојдневното искуство на локалните црковни актери и моралниот императив за укинување на гладот, таа серија на вебинари има за цел да го слуша и поддржи дијалогот внатре и надвор од Црквата; да ги поврзе најдобрите практики во светот во кој се промовираат одржливи прехранбени системи; ќе овозможи да се слушнат гласовите и на оние кои по правило се исклучени од расправата за да се поттикне повикот за праведна распределба на храната. Серијата вебинари ќе биде завршена пред средбата која претходи на самитот на ООН за прехранбените системи кој ќе се одржи во Рим во јули, а неговите резултати ќе преставуваат составен дел од процесот на подготовка за тој состанок на врвот за да се помогне во насочувањето на индивидуалните и колективните делувања кон поодржлива, поправедна и побезбедна исхрана во иднина.

14 мај 2021, 09:53