Пребарување

Папата Фрањо со неговиот личен лекар Сокорси Папата Фрањо со неговиот личен лекар Сокорси 

Почина личниот лекар на папата Фрањо

Личниот лекар на папата Фрањо Фабрицио Сокорси почина во саботата, 9 јануари 2021 година, од компликации поврзани со коронавирусот.

Личниот лекар на папата Фрањо,  78-годишниот Фабрицио Сокорси починал во Римската болница Џемели, од онколошка патологија, како  последица на коронавирусот.

Папата Фрањо го назначи Сокорси за свој личен лекар во 2015 година, кој редовно го придружуваше Светиот Отец на неговите меѓународни патувања. За време на посетата на Фатима, во мај 2017 година папата Фрањо за ќерката на лекарот, која беше тешко болна и почина следниот месец, положи два букети бели рози пред статуата на Пресвета Богородица.

Сокорси работел на римскиот Универзитет Ла Сапиенца, каде што предавал, а посебно бил специјализиран за хепатологија, дигестивен систем и имунологија, и бил член на Советот на медицински експерти во Конгрегацијата за прогласување на светците

10 јануари 2021, 16:10