Пребарување

Vatican News
Возач на автобус во Палестина Возач на автобус во Палестина  (AFP or licensors)

Економијата на Фрањо: Комбинација на ефикасност и нега

Како деловниот свет да се направи да биде повеќе праведен? Како можете етички да се управува со бизнисот? Такви прашања ќе бидат поставени ма Меѓународната конференција за одржливоста на Економијата на Фрањо, која од овој четврток на виртуелна конференција ќе присуствуваат млади стопанственици и економски стручњаци од целиот свет.

Италијанката Федерика Неали е координаторка на панел групата „Работа за жените“, која се занимава со придонесот на жените во деловниот свет. Во подготвителната фаза на конференцијата која ја поттикна Папата, во целиот свет се појавија многу поплаки за деловниот свет – истакна за Ватиканското радио.

Учесниците доаѓаат од целиот свет, од Северна и Јужна Америка, како и од Африка, Европа и Азија. И сите истакнуваат дека не се работи само за проблемот на нееднаквата плата помеѓу мажот и жената. Но постои вистинска потреба за изградба на организациска етика во деловниот свет, која ќе го осигура учеството на жените во деловниот свет. На пример во Италија многу се зборува за квоти за жените. Науката вели пак дека придобивки имаат само жените без деца. Ова значи дека за многу жени мајчинството сè уште е камен на сопнување во деловниот свет. Многу организации и компании, особено во Северна Америка, не им нудат на своите вработени соодветно породилно отсуство - во многу земји се состои само од една или две недели ... “

Сертификат за компаниите

Еднаква плата, породилно отсуство, флексибилна работа - ова се само некои од точките според кои денес треба да се стремат современите компании и работодавците ширум светот, доколку сакаат да се фалат со атрибути како што се „одржливост“ и „коректност кон вработените“. Специфичен проект на работната група „Работа за жените“ е да се развие „систем за сертификација“ за компаниите што сакаат да спроведат родова праведност.

Друг пристап има за цел образованието, додаде координаторката. Во многу земји во светот, жените се уште се во неповолна положба кога станува збор за раководење со финансиите и технологијата, особено во руралните области. Тоа исто така има врска со традициите и предрасудите.

Еднакви можности преку образование

„Ние сакаме да им помогнеме на жените и да им дадеме основно знаење во управувањето со финансиите и организацијата. И тоа заедно со нивните деца, така што децата уште од рана возраст ќе учат дека нивните мајки можат да работат, да управуваат со пари и да користат компјутер. Во исто време, ние би сакале да ги пренесеме принципите што одговараат на „Економијата на Фрањо“, економска свест што одговара на етичките принципи“.

Со цел да се спроведе визијата за праведна и одржлива економија, потребна е комбинација на ефикасност и грижа, нагласува координаторката Неали. Овие две области традиционално им се доделени на двата пола – производството ефикасноста на мажот и куќата и грижата на жените.

Ефикасност и грижа

„Низ вековите, оваа поделба доведе до разни форми на неправда, но исто така и до насилство. Денес е потребно да се обединат овие два света. Ова не е прашање само на одредена правичност, туку и прашање на отстранување на бариерите што ги спречуваат жените да учествуваат во светот на работата. Станува збор и за ефикасност: „Економијата на Фрањо“ е економија која сонува да комбинира ефикасност и еколошка одржливост. И тоа е економија која ги зема предвид сите компоненти на благосостојбата, не само остварување максимален профит“.

Конференција во Ватикан

Настанот е организиран од Ватикан и Фрањевскиот манастир од Асизи. Како придружна програма, организаторите одржаа видео семинари преку Интернет во времето на пандемијата, на кои познати научници и експерти зборуваа за прашања од животната средина и одржливоста.

18 ноември 2020, 15:13