Пребарување

Ватикан го олесна добивањето на потполн опрост за покојните Ватикан го олесна добивањето на потполн опрост за покојните 

Ватикан го олесна добивањето на потполн опрост за покојните

Во пандемијата од коронавирусот на верниците во текот на ноември ќе се понудат повеќе можности за добивање на потполн опрост за покојните, се наведува во декретот на Апостолската милостилница објавен во петок 23 октомври.

Многу духовници овие денови се обратија во Апостолската милостилница со молба за овозможување на потполн опрост за покојните и таму каде што тоа за Сите светии и за Задушница не е можно заради епидемиолошкит мерки.

Бидејќи верниците традиционално за тие празници се собираат на гробиштата и на свети Литургии задушници, а може да биде ограничено, Апостолската милостилница со декрет овозможува потполн опрост за покојните да може да се добие во текот на цел месец ноември, а не само како што е вообичаено во осмината, од 1 до 8 ноември. Покрај тоа верниците можат сами да одлучат кога ќе ќе ги исполнат условите како што се посета на гробиштата, учествување на света Литургија, молитва Оче наш и Символ на верата, светата Тајна Помирување и Причест и молитва по накана на Светиот Отец.

Свештениците пак се повикуваат на великодушност во Светата тајна Исповед и Причест на болните и на славење на три свети Литургии на 1 ноември, на празникот на Сите светии

24 октомври 2020, 12:39