Пребарување

Vatican News
Кардинал Турксон Кардинал Турксон  (@VaticanMedia)

Кардинал Турксон: Да мислиме на време по пандемијата

Префектот на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој во интервју за Радио Ватикан, меѓу останатото зборуваше за основањето на пет работни групи со цел соочување со актуелната вонредна ситуација и размислување за иднината.

Додека и понатаму се спроведуваат истражувања во потрага по ефикасна вакцина или лек против коронавирусот, Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека во текот на оваа година светскиот бруто домашен производ да падне за 3%. Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, прифаќајќи го повикот на папата Фрањо, во соработка со другите дикастерии на Римската курија основа комисија со цел да се подготви за она што доаѓа по пандемијата, за Црквата на што поцелосен начин да може да пружи поддршка на Божјиот народ и на сите во потреба.

Во соопштението кое во средата на 15 април го објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол се објаснува дека во склоп на спомнатата комисија се предвидени пет работни групи за анализа и размислување за општествено -економските и културните предизвици за иднината и предлагање на насоки со цел соочување со тоа искушение. Кардиналот Петер Турксон, префект на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, во разговор за Радио Ватикан истакна дека Папата е загрижен заради глобалната криза предизвикана од коронавирусот; затоа поттикна да не се губи време и веднаш да се започне со работа, со оглед на тоа дека спомнатата дикастерија е надлежна за таквата ситуација.

Кардиналот напомена дека Светиот Отец доверил две главни задачи. Првата е поврзана со денешницата и се однесува на поддршката на локалните Цркви во спасувањето на животи и помагање на најсиромашните. Втората се однесува на иднината односно на она што ќе дојде после пандемијата, на нејзините економски и општествени последици. Притоа се поставува прашањето на кој начин Црквата може да се понуди како сигурна засолнувачка точка во соочувањето со овој непредвиден настан. Папата нè поттикна на конкретност и креативност, на научен пристап и имагинација, на сеопфатно размислување, како и на способност да ги сфатиме локалните потреби – рече кардиналот Турксон.

22 април 2020, 16:07