Пребарување

Vatican News
Кардинали Кардинали  (Vatican Media)

По една третина од кардиналите се именувани од еден од последните Папи

По една третина од членовите на Кардиналскиот колегиум се именувани од свети Иван Павле II (1978-2005), Бенедикт XVI (2005-2013) и папата Фрањо. Еднаквоста настана со ненадејната смрт на мексиканскиот кардинал Сергеј Обесе Ривере на 11 август.

Во статистиката не се вклучени почесниот папа Бенедикт XVI и папата Фрањо. На папата Фрањо тогашен архиепископ на Буенос Аирес Хорхе Марио Бергољо кардиналска чест му ја додели свети Иван Павле II во 2001 година. Како надбискуп на Минхен Јозеф Ратцингер за кардинал во 1977 го именуваше  папата Павле VI (1963-1978), па да не беше почесен папа, со своите 92 години по служба би бил најстариот кардинал.

Но, изедначеноста се однесува само на Кардиналскиот колегиум во целина, а не и на кардиналите помлади од 80 години со право на избор на папа. Имено од вкупно 216 членови на кардиналскиот колегиум, 119 имаат право да учествуваат во конклави. Папата Фрањо именуваше 57 од нив, Бенедикт XVI 44, а Иван Павле II 18. За избор на папа потребно e мнозинство од најмалку две третини од гласовите, што во моментов е 80 гласови.

17 август 2019, 15:20