Cerca

Vatican News
 Документ на Конгрегацијата за католичко воспитување за родовата идеологија Документ на Конгрегацијата за католичко воспитување за родовата идеологија 

Документ на Конгрегацијата за католичко воспитување за родовата идеологија

Средство за дискусија за човечката сексуалност и предизвиците кои произлегуваат од родовата теорија и тоа во врема на воспитната криза. Токму тоа е намерата на документот со наслов „Машко и женско ги создаде. За дијалог за прашањата за родовата теорија во воспитувањето“, кој го потпиша кардинал Џузепе Версалди, префект на Конгрегацијата за католичко воспитување и надбискупот Винченцо Зани, секретар на дикастеријата.

Цел на документот е да се помогне на оние кои работат во образование на новите генерации за да можат методички да се соочат со прашањата, за кои денес најмногу се разговара, за човечката сексуалност, во свет со широк поглед на воспитување за љубовта. Конгрегацијата за католичко воспитување, кој го подготви документот, зборува за „воспитна криза“, посебно што се однесува на чувствата и сексуалноста пред предизвиците кои се појавуваат од разните облици на идеологии, општо наречени „родова“, која ги негира взаемноста и разликите меѓу мажите и жените, кои едноставно се сметаат за последици од историско – културните условености, според која идентитетот би требало да се препушти на индивидуалистичка опција, која со тек на време може и да се менува.

Во документот се зборува за „антрополошка дезориентираност“ која ја одбележува културната атмосфера на нашето време, придонесувајќи исто така за уништување на семејството. Станува збор за идеологија која, освен тоа, дава образовни програми и законодавни упатства, кои промовираат личен идентитет и чувства на блискост кои од корен се одвоени од биолошката различност помеѓу мажот и жената – се истакнува во документот, наведувајќи зборови од Апостолскиот поттик 'Amoris laetitia'. Во тој контекст документот сака да промовира методологија која е изразена во три постапки: слушање, просудување и предлагање.

Текстот се повикува на документот „Воспитни упатства за човечката љубов. Модели на сексуалното образование“ од 1983 година, а збогатен исто така со цитати од папата Фрањо, Бенедикт XVI, свети Иван Павле II, но и Вториот Ватикански собор, Конгрегацијата за наука на верата и други документи.

Во документот се истакнува разликата помеѓу родовата идеологија и различните истражувања за родовата теорија, кои се направени од хуманистичките науки, и забележуваат дека таа идеологија сака, како што воочи папата Фрањо, да одговори на одредени и настојува да се наметне како единствено мислење кое го одредува и воспитувањето на децата и од тука ја спречува средбата, а од друга страна недостасуваат истражувања за родовата теорија, која настојува подобро да се запознаат начините со кои во различни култури се живее половата разлика помеѓу мажот и жената

Во документот исто така се потсетува дека демократска држава не може воспитувањето да го сведи на само едно единствено мислење, истакнувајќи ја оправданата намера на католичките училишта да го сочуваат сопственото гледање на човечката сексуалност.

На крајот за католичките воспитни установи се напоменува важноста од дискретно и воздржано следење, со кое би одело во пресрет и на оние кои живеат сложени и болни ситуации. Училиштето треба да биде средина на доверба, посебно во случаите за кои се потребни време и расудување, и треба да се создадат услови за трпеливо слушање и разбирање, далеку од неправедната дискриминација.

12 јуни 2019, 09:55