Cerca

Vatican News
Кардинал Леонардо Сандри во Србија Кардинал Леонардо Сандри во Србија 

Кардинал Сандри: Идентитетот на народот не се одржува градејќи ѕидови

Признавањето на црковната зрелост на воздигнување од егзархат во епархија не треба да се сфати како награда или цел, туку како одговорност на христијанската присутност со браќата од Латинската Црква и како отвореност за соработка со Православната Црква.

Во недела 19 мај 2019 година, кардинал Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни цркви пристигна во Нови Сад, а потоа и во Руски Крстур, каде се наоѓа катедралата на новата епархија и каде се служеше божествена света Литургија, на која беше прогласено основањето на новата епархија и устоличувањето на првиот епископ. За време на прославата кардиналот истакна дека признавањето на црковната зрелост на воздигнување од егзархат во епархија не треба да се сфати како награда или цел, туку како одговорност на христијанската присутност со браќата од Латинската Црква и како отвореност за соработка со Православната Црква.

Префектот на Конгрегацијата за Источни Цркви изрази надеж дека граѓанскиот и црковниот повик на Русините, секогаш ќе бидат во тој правец, да бидат создатели и сведоци на убавината кога се живее заедништвото во меѓусебната различност. Фактот што Русините немаат национални граници им помага да бидат сведоци дека за одржување на идентитетот на народот не е потребно да се градат ѕидови и препреки.

Во сабота 18 мај во Белград, кардинал Сандри беше примен од патријархот на Српската православна Црква Иренеј како и од двајца митрополити на Светиот синод, кој овие денови имаше седница. Откако ги пренесе поздравите, кардиналот ја честита 800 годишнина од автокефалноста  на Српската православна црква. Во разговорот на различни теми присуствуваше и апостолскиот нунциј во Република Србија.

После таа средба ватиканската делегација ја посети православната катедрала како и храмот Свети Сава. Во парохиската католичка црква од византиски обред во Нови Сад, кардиналот присуствуваше на Вечерна молитва, која беше пропратена со музика и инсерти од историјата на русинската заедница, која најпрво имаше егзархат, а сега добива епархија. На крајот кардинал Сандри истакна дека воздигнувањето на егзархатот во епархија значи признавање на нивниот пат, кој им отвора можност и ги прави одговорни во полнина да ја живеат својата посебност како месна Црква.

21 мај 2019, 10:56