Cerca

Vatican News
Светите скали Светите скали  (AFP or licensors)

По 300 години верниците повторно чекорат по Светите скали

„Светите скали“ на кои што според верувањето чекорел Исус кога Пилат го изведува пред народот, се отворени повторно за поклониците после 300 години!

„Светите скали“ на кои што според верувањето чекорел Исус оној ден кога Понтиј Пилат го изведува пред народот, се отворени за јавноста! Тоа е прв пат по 300 години поклониците да можат слободно да се искачуваат по нив.
Овие 28 мермерни столбови, кои од 18 век биле покриени со дрвен покрив, ќе бидат отворени за јавноста од 11 април до празникот Духовден, 9 јуни. Поклониците ќе можат на колена да се искачуваат по овие скали.
На нив се искачувал Исус
„Ова е несекојдневна прилика“, смета Паоло Виолини, водач на реставрацијата на скалите. За идејата „светите скали“ да се отворат за јавноста дошло кога, поради реставрација, се тргнати дрвените панели. Тогаш реставраторите под дрвениот покрив ги откриле прекрасни бели мермерни столбови.
„Во моментот кога станавме свесни што се наоѓа под нив, се роди идејата столбовите да ги отвориме за поклониците, барем на кратко време и на начин на кој нема да се оштети мермерот. Цело време за реставрацијата на дрвениот покрив верниците сѐ до врвот ќе мора да се искачуваат на колена.
Се верува дека овие столбови воделе до главниот влез во преторијата на Понтиј Пилат во Ерусалим и дека на нив се искачувал Исус кога Пилат го изведува пред народот, на судењето пред распнувањето на крстот.
Според традицијата скалите во Рим се пренесени во IV век по наредба на света Елена, мајката на Константин, за која што се верува дека обновила многу места во Светата Земја и го пронашла токму крстот на кој што бил распнат Исус.
Скалите, кои се наоѓаат во зградата недалеку од базиликата на Свети Иван Лaтерански, прв пат за јавноста ги отворил папата Сиксто V пред повеќе од 400 години.
Во 1724 година папата слуга Божји Бенедикт XIII дозволил овие скали да се прекријат со дрвен покрив заради заштита, бидејќи имало многу ходочасници кои нанесувале огромна штета на мермерот.
Мермерните столбови (скали) не биле откриени сѐ дотогаш и оваа ново повторно откривање пред крајот на Великиот пост, во пресрет на Велигден е навистина големо случување.
Единаесет скали

„Светите скали“ биле затворени повеќе од година дена поради реставрирање на фреските кои ги опкружуваат столбовите и се протегаат до црквата Свети Лаврентиј, некогаш приватна папска капела.

Обновата на дрвениот покрив бил завршниот чекор во тој процес на реставрација. Но кога реставраторите го отстраниле дрвениот покрив, откриле бројни оштетувања на средината на столбот. Мермерот на еден од столбовите бил толку оштетен што дупката имала досег до самото дно на столбот. Виолини објаснил дека до оштетувањето дошло поради тоа што на тоа место поклониците долго време клечеле и сакале да го бакнуваат столбот кој што се наоѓал веднаш под скалилото. Се работи за 11 столбови на кои што се наоѓа метален крст кој што го означува местото на кој што Исус паднал.
Пред да биде отстранет дрвениот покрив, во него реставраторите изрежале отвори низ кои ходочасниците би можеле да го допрат мермерот. Деловите на столбовите на кои што според верувањето се наоѓаат крвави отпечатоци од Исусовите стапала биле заштитени со стакло.

Потполн и делумен опрост
Поклониците на столбовите можат да се искачуваат на колена во знак на почит. Верниците кои не можат да се качуваат на колена можат да клечат на првиот столб, а потоа до врвот да се качат на едни од страничните скалила.
Исто така, верниците кои во оваа време ќе се искачат по „Светите скали“ ќе можат да примат опрост од временските казни. Условите за тоа се како и обично: верникот треба да биде во состојба на милост, да измоли некоја од наканите на Светиот Отец, да се исповеди и причести 20 дена пред и после искачувањето.
Делумниот опрост ходочасникот може да го добие со секој чекор додека се качува по „Светите скали“ размислувајќи за Христовата мака.
 

13 април 2019, 15:35