Пребарување

2024.05.23 S.E. la Signora Gordana Siljanovska-Davkova, Presidente della Repubblica di Macedonia del Nord

Папата Фрањо ја прими македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова

Македонската претседателка во Апостолската палат во Ватикан се сретна со папата Фрањо и државниот секретар на Светиот Престол кардинал Паролин.

Папата Фрањо во четврток 23 мај 2024 година во Апостолската палата ја прими македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Разговорот траше 35 минути, а потоа претседателката Силјановска-Давкова беше примена и од Државниот сеекретар на Светиот Престол кардинал Паролин.

Триесет и пет минути траеше доверливиот разговор меѓу папата Фрањо и Силјановска-Давкова - информира директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни -  во кој Папата потсети дека Македонија е земја на Света Тереза. 

Папата ѝ подари на претседателката Гордана Силјановска-Давкова бронзен релјеф со натпис „Добредојдовте“, Папски документи, овогодинешната Порака за мир и книгата за Статио Орбис од 27 март 2020 година. Од своја страна, македонската претседателка на светиот Отец му подари икона на Пресвета Богородица Пелагонитиса и резба, дело на локални занаетчии.

Католичката црква од Македонија ја претсавува протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов. Во состав на делегацијата се заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италија, Весел Мемеди, амбасадорката во Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, заменик-генералниот секретар на претседателскиот кабинет, Горан Момировски, државниот советник за надворешна политика во кабинетот, Рима Сафитли, Златко Јанковски и Жидас Даскаловски од кабинетот на претседателот, како и Снежана Стојанова од Секторот за односи со јавност во кабинетот. Делегацијата на МПЦ-ОА ја предводат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен.

 

23 мај 2024, 19:19