Пребарување

Во фокусот на молитвена накана на папата Фрањо за април 2024 е достоинството на жените (ВИДЕО)

Да се препознае достоинството на жените и нивното богатство во секоја култура и да се запре дискриминацијата на која тие се жртви во различни делови на светот. Така гласи молитвената накана на Папата за април 2024 година објавена преку Папската светска молитвена мрежа. Светиот Отец ги охрабрува сите луѓе да ги почитуваат жените, а владите да работат на вистинското признавање на нивните права и истакнува: Ако не ги почитуваме жените, нашето општество нема да напредува.
12 април 2024, 13:32