Пребарување

2020.05.24 Regina Coeli

Папата ги довери на свети Јосиф разурната Украина и Светата Земја

Папата Фрањо ја заврши Генералната аудиенција со охрабрување до верниците заедно со него страдањата на Украина и Светата Земја да ги доверат на Свети Јосиф и да се вложат максимални напори за да се дојде до мировни преговори

На крајот од Генералната аудиенција на 20 март 2024 година, папата Фрањо уште еднаш поттикна на молитва за Украина и Светата Земја и апелираше за прекин на борбите. Откако го замоли отец Пјерлуиџи Гироли од Државниот секретаријат да ја прочита катехезата, Светиот Отец ги поздрави верниците од италијанското говорно подрачје, споменувајќи го вчерашниот празник Свети Јосиф и ги поттикна да ја доверат Црквата и целиот свет под негова заштита, посебно мислејќи на сите оние кои поминуваат низ драматични денови на војната.

На свети Јосиф му го доверуваме и населението на Украина и Светата Земја, кое многу страда поради ужасите на војната. И никогаш да не заборавиме: војната е секогаш пораз.

Покрај тоа, Папата уште еднаш повика да се најдат решенија, да се прекинат конфликтите, бидејќи со војна нема напредок.

Мора да вложиме максимални напори да преговараме за да прекинат војните. Да молиме за таа накана.

„Никој не е господар на животот“

Пред тоа, во поздравите до полските ходочесници, кои го слават Националниот ден на животот на 24 март, отец Жироли го пренесе сонот на папата Фрањо, изразен пред неколку години кога пишуваше за Европа, а тоа е Полска да биде земја, која ќе го штити животот во секој момент, од кога ќе се роди во мајчината утроба до неговиот природен крај. Никој не е господар на животот, ниту на својот, ниту на туѓиот – истакнува папата Фрањо.

21 март 2024, 08:54