Пребарување

TOPSHOT-FRANCE-IRAN-BLAST-DEMO

Иран: Папата длабоко ожалостен заради жртвите од експлозиите во Керман

Папата Фрањо испрати телеграма, потпишана од државниот секретар кардиналот Пјетро Паролин, до семејствата на жртвите и повредените во двојниот напад на 3 јануари 2024 година во близина на гробиштата во Керман, каде илјадници ходочесници требаше да ја одбележат четвртата годишнина од смртта на Сулејмани.

Папата Фрањо изрази длабока тага за загубата на човечки животи во неодамнешните експлозии во Керман, Иран. Во телеграмата Папата ги упатува своите молитви за починатите и за нивните ужалени семејства. Исто така, изразувајќи ја својата духовна солидарност со повредените, папата Фрањо, како што е наведено во телеграмата, моли за благослов од семоќниот Бог на мудроста и мирот за целиот ирански народ.

Експлозии

Експлозиите се случија на 20 минути една по друга на 3 јануари 2024 година во близина на гробиштата во Керман, каде што илјадници ходочесници требаше да ја одбележат четвртата годишнина од смртта на Касем Сулејмани, командант на гардиските сили за време на иранско-ирачката војна, кој беше убиен на 3 јануари 2020 година во Ирак во операција предводена од Соединетите Американски Држави. Во овој момент бројот на загинати е околу 100, а повеќе од 280 повредени. Одговорноста за масакрот ја презеде самопрогласената Исламска држава која на каналот Телеграм го препиша на двајца свои бомбаши самоубијци.

08 јануари 2024, 17:23