Пребарување

2023.11.06 Gruppo della Piccola Casa della Misericordia di Gela

Папата: Потребни нежност и дух на великодушност

Папата на 6 ноември 2023 година се сретна со членовите на Апостолското братство на Божественото милосрдие и Малата куќа на милосрдието од Гела, вклучени во низа солидарни активности на Сицилија, кои оваа година слават 25, односно 10 години од основањето: сведочете за Божјата солидарност и нежност, имајте свет креативен немир и многу понизност

Дневна кујна за сиромашните, занаетчиски работилници, помош за училишни задачи, место за дијалог за семејствата во тешкотии - со овие иницијативи во Гела, Сицилија, Апостолското братство на милосрдието и Малата куќа на милосрдието се обидуваат со милосрдие да ги прегрнат сите луѓе и целата личност, соочена со повеќе потреби. Ова го истакна папата Фрањо во Апостолската палата во Ватикан на средбата со голема група сицилијански ходочесници кои дојдоа во Рим за да прослават два јубилеи: 25 години братство и 10 години „куќа“ родена од идеја на самиот Папа, кој во 2013 година ги предложи на младииот свештеник дон Пасквалино Ди Дио, кој му зборуваше за општествената реалност на неговата епархија и за тешкотиите на многу семејства.

Си дозволил да бидете трогнат и вознемирени од потребите на браќата и сестрите кои Бог ги поставил на вашиот пат, посебно на оние најмалите и во најголема потреба. Не „продолживте“ понатаму, туку застанавте, им се приближивте и се погриживте за нив, креативно, храбро и дарежливо, како добриот Самарјанин кој не продолжи понатаму, и тоа е прекрасно.

Во Црквата е потребна нежност

Затоа Папата ги поттикна да продолжат со различните дела што ги започнале, да ја негуваат и сè повеќе да ја зајакнуваат духовноста на милосрдието и единствениот Леб и секојдневно да ја покажувате, преку служење и самодарување, нежното лице на Отецот.

Угледајте се на Бог кој е близок, сочувствителен и нежен; бидете блиски со луѓето, сочувствителни, со големо сочувство и нежност. Ни треба нежност во Црквата. Сè правте само со една желба: луѓето што ќе ве сретнат да Го запознаат. Настојувајте, кога правите добро, да исчезнете, понизно, за да дојде Господ до израз во она што го правите и сите да дојдат кај него.

Доверливост и учтивост

Како што рече Света Фаустина Ковалска, која заедно со свети Иван Павле II. го вдахнови братството и Домот на милосрдието, „скромната душа влијае на судбината на целиот свет“ – потсети папата Фрањо – додавајќи дека тоа се случува затоа што понизноста нè приближува до Бога и браќата, способни за нежна, дискретна и тивка љубов што го прави дарувањето благородно, примањето лесно и споделувањето природно.

Затоа, кон луѓето кои Господ ви ги доверува, секогаш имајте воздржана и нежна линија и стил на прикривање, како родители, пријатели или браќа и сестри чие присуство, онаму каде што е потребно, е толку спонтано и „нормално“ што тоа е речиси незабележано. Да се биде присутен без да се покажува: не е лесно, а тоа е светост. Меѓу другото, така нè љуби Бог: со скромна великодушност, момент по момент, давајќи ни сè без да очекуваме ништо за возврат.

Креативен немир и понизност

На крајот, папата Фрањо им предложи два става на оние што се ангажираат во Гела, во Куќата на милосрдието: свет креативен немир и многу понизност; и тоа со цел подготвено и конкретно да се одговори на потребите на браќата и во исто време да се доведе секој на лична средба со милосрдното лице на Отецот.

07 ноември 2023, 12:43