Папата ја изрази својата близина со напатените народи на Палестина и Израел
Обраќајќи им се на присутните на плоштадот Свети Петар по неделната молитва Ангел Господов, на 12 ноември 2023 година, папата Фрањо се осврна на многу сериозната ситуација во Израел и Палестина, нагласувајќи ја својата близина со сите оние кои страдаат, со народот на Палестина и Израел. Рече дека секојдневно се во неговите мисли и молитви и дека ги прегрнува во овие мрачни моменти.
Нека замолчи оружјето, тоа никогаш нема да донесе мир и нека не се шири конфликтот понатаму! Доста е! Доста е, браќа, доста! Во Газа мора веднаш да им се помогне на ранетите, да се заштитат цивилите и да се достави многу повеќе хуманитарна помош до ова исцрпено население. Нека бидат ослободени заложниците меѓу кои има многу стари лица и деца. Секој човек, без разлика дали е христијанин, Евреин, муслиман, од кој било народ или вера, секој човек е свет, скапоцен во очите на Бога и има право да живее во мир. Да не губиме надеж: неуморно да молиме и да работиме на тоа чувството на хуманост да надвладее над тврдокорноста на срцето.