Пребарување

Il Papa, per peccatore c'� speranza redenzione, per il corrotto no

Папата и децата од целиот свет заедно на 6 ноември

По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо ја најави иницијативата „Да учиме од момчињата и девојчињата“, која ќе се одржи во салата Павле VI, благодарение на покровителството на Дикастеријата за култура и образование. Ова е начинот, објасни Светиот Отец, да се вратиме на чистите чувства како оние на децата

2023 година, за време на пладневното обраќање, на прозорецот до папата Фрањо за да ја претстават иницијативата која - објасни Светиот Отец - ќе се случи попладнето на 6 ноември во салата Павле VI. на тема: „Да учиме од момчињата и девојчињата“, под покровителство на Дикастеријата за култура и образование.

Средбата е за да го покажеме сонот на сите нас: да се вратиме на чистите чувства како оние на децата. Зашто, кој е чист како дете, припаѓа на Царството Божјо. Децата нè учат на јасност на односите, спонтано прифаќање на странците и почит кон целото создание. Драги деца и сите вас, ве чекам за да учам и јас од вас!

На прозороецот од Апостолската палата со Папата беа 7-годишната Памела од Сирија и Григориј од Украина, земја разурната од војна која е во срцето на Папата. Потоа 10-годишниот Алесио од Бенин; 7-годишниот Алехандро од Гватемала и 9-годишниот Томас од Австралија, како претставници на повеќе од 6 илјади момчиња и девојчиња од различни делови на светот. Иницијативата ја промовира Заедницата Свети Егидиј, Cooperativa Auxilium и Фудбалскиот сојуз.

02 октомври 2023, 08:42