Пребарување

Ethnic Armenians of Nagorno-Karabakh enclave: a neverending dispalcement since the 90's

Апел на папата Фрањо за прогонети и за дијалог во Нагорно - Карабах

Повеќе од сто илјади луѓе кои побегнаа од регионот на Нагорно - Карабах во Ерменија беа во центарот на мислите на Папата во пладневното обраќање по молитвата Ангел Господов. Папата се помоли и за жртвите од несреќата во Степанакерт, за мир во Украина, за мисиите и за претстојната Синода. Тој најави дека на 15 октомври ќе биде објавен Апостолскиот поттик за пораката на Света Тереза од Детето Исус

Актуелната хуманитарна трагедија во Нагорно - Карабах, каде што повеќе од 100.000 жители се принудени да побегнат во Ерменија поради војната, беше во центарот на размислувањата на папата Фрањо по молитвата Ангел Господов во недела 1 октомври 2023 година. Во последните денови ја следам драматичната ситуација на раселените лица во Нагорно - Карабах - рече Папата, кој повторно го охрабри дијалогот меѓу Азербејџан и Ерменија и изрази надеж дека разговорите, со поддршка на меѓународната заедница, ќе поддржат траен договор кој ќе стави крај на хуманитарната криза. Притоа, ги вети своите молитви за жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во кое минатиот понеделник загинаа 170 луѓе во близина на градот Степанакерт, главниот град на регионот.

Октомври, месец на Бројаницата и мисиите

Римскиот бискуп на почетокот на месец октомври потсети дека овој месец е посветен на Бројаницата и мисиите. Ги охрабрувам сите да ја доживеат убавината на молитвата Бојаницата - рече Папата - размислувајќи со Марија за Христовите таинства, повикувајќи го неговото застапништво за потребите на Црквата и светот. Молиме за мир - охрабри Светиот Отец - во напатената Украина и во сите земји ранети од војна. Освен тоа, тој поттикна и на молитва за евангелизација на народот и Епископската Синода; овој месец ќе се одржи првото собрание на тема за синодалноста на Црквата.

Апостолски поттик посветен на Света Тереза од Детето Исус

Откако ја истакна вчерашната беатификација, во Пјаченца, на Дон Џузепе Беоти, кој беше убиен поради омраза кон верата во 1944 година, „пастир по срцето Христово“ и кој не се двоумеше да го даде својот живот за да го заштити стадото што му беше доверено, Папата Фрањо ја спомена Света Тереза од Детето Исус, Света Мала Тереза, чиј литургиски спомен се празнува токму на 1 октомври. Папата на оваа светица и нејзината порака ќе и посвети Апостолски поттик, кој ќе биде објавен на 15 октомври.

02 октомври 2023, 08:43

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >