Пребарување

2023.07.03 Für ein Leben aus der Eucharistie - intenzione di preghiera luglio 23

Папата: Да оставиме нашите животи да се преобразат со Христос што го среќаваме во Евхаристијата

Во видеото со молитвена накана за јули 2023 година, објавено на 4 јули 2023 година од Светската молитвена мрежа, папата Фрањо го охрабрува секој христијанин да ја стави Евхаристијата во центарот на својот живот. Во Евхаристијата Исус е присутен - вели Светиот Отец - и ни дава сила и храброст да излеземе од себе за да се сретнеме со другите со љубов.
https://www.youtube.com/watch?v=1F834c95N5I

Ако на крајот од светата Литургија сте исти како и на почетокот, тогаш нешто не е во ред - истакнува папата Фрањо на почетокот на видео пораката во која преку Папската светската молитвена мрежа ја доверува на целата Католичка црква молитвената накана за јули. Во Евхаристијата Исусе е присутен, таа длабоко преобразува – истакнува Папата и додава:

Секој пат кога учествуваме во Евхаристијата Исус доаѓа и ни дава сила да љубиме како што Тој љуби затоа што ни дава храброст да се сретнеме со други, да излеземе од себе и да се отвориме кон другите со љубов.

Од тука, во исто време, тоа е начин да се отвориме кон светот како што Тој нѐ научи; таа е храна за нашиот живот и преку нас станува храна за оние околу нас – рече Папата и поттикна:

Да молиме католиците да го стават славењето на Евхаристијата во центарот на својот живот, преобразувајќи ги меѓучовечките односи и отворајќи се за средба со Бога и со сите свои браќа и сестри.

Возвратете на примената љубов

Папата Фрањо се осврнува на искуството претставено во видеото овој месец, во кое протагонисти се тројца браќа кои - на крајот од светата Литургија - ја носат Евхаристијата на браќата и сестрите кои имаат потреба, надвор од црквата, возвраќајќи на онаа љубовта и дар кои самите ја примија во Светата Тајна. Сцените од секојдневниот живот - според изјавата на Папската светската молитвена мрежа - се сместени во американскиот град Детроит.

Соработката со таа американска надбискупија не е случајна. За нас е чест да направиме видео за Евхаристијата - истакна надбискупот Ален Х. Вињерон. Моментот е провидоносен, бидејќи нашата надбискупија, како и сите бискупии во Соединетите Американски Држави, е вклучена во возобновувањето на Евхаристијата за да го обнови познавањето и посветеноста на Исус Христос во Пресвета Евхаристија. Да молиме ова видео да послужи на сите нас и за општата Црква, како итен поттик да се сретнеме со Исус и да му се заблагодариме за скапоцениот негов дар во Евхаристијата – рече надбискупот Вињерон.

05 јули 2023, 10:22