Пребарување

Italian Cardinal Zuppi attends a meeting with Ukraine's President Zelenskiy in Kyiv

Кардиналот Зупи ќе ја посети Москва како мировен пратеник на папата Фрањо

По патувањето во Киев на почетокот на месецот, продолжува мисијата на претседателот на Италијанската бискупска конференција, на која го испрати папата Фрањо за да се намалат тензиите на конфликтот во Украина. Кардиналот во руската престолнина ќе биде придружуван од службеник на Државниот секретаријат.

На 28 и 29 јуни, кардиналот Матео Марија Зупи ќе ја посети Русија, каде минатата сабота, на 24 јуни, владееше тензија и постоеше голема опасноста од граѓанска војна. Папата Фрањо на Болоњскиот надбискуп и претседател на Италијанската бискупска конференција му довери мисија за пронаоаѓање можни патишта за дијалог за решавање на конфликтот во Украина. Токму во таа земја, во нејзиниот главен град Киев, на 5 и 6 јуни се одржа првиот дел од мисијата на кардиналот Зупи, при што кардиналот разговараше со претседателот Володимир Зеленски.

Поттикнување на човечки гестови

Вториот дел од мисијата, како што е предвидено во вестите од 20 мај за задачата на кардиналот, се Русија, Москва. Претседателот на италијанските бискупи, кој веќе беше посредник во случајот со договорот во Мозамбик, заедно со Заедницата Свети Егидиј, на 28 и 29 јуни ќе престојува во Москва – како што е истакнато во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол. На патувањето кардиналот Зупи ќе го придружува службеник на Државниот секретаријат - се истакнува во соопштението, во кое се нагласува дека главната цел на оваа иницијатива е да се поттикнат гестовите на човечност кои можат да придонесат за решавање на актуелната трагична ситуација и да да се најдат патишта за постигнување праведен мир.

27 јуни 2023, 22:15