Пребарување

Special train carrying survivors and injured of deadly triple train accident reaches Chennai

Близина на Папата со погодените од железничката несреќа во Индија

По молитвата Ангел Господов во недела 4 јуни 2023 година, папата Фрањо - како што веќе направи вчера во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин - ја вети својата близина со повредените и со семејствата на жртвите од железничката несреќа во Индија.

По молитвата Ангел Господов во недела 4 јуни 2023 година, папата Фрањо - како што веќе направи вчера во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин - ја вети својата близина со повредените и со семејствата на жртвите од железничката несреќа во Индија.

Потоа на Богородица ги доверил народите искушувани од военото зло, а посебно напатената Украина. При тоа, упати посебен поздрав до претставниците на карабинерите кои го слават својот празник на 5 јуни и им се заблагодари за близината со населението. Нека Virgo Fidelis, (Верна Девица) која е ваш заштитник, ве заштити вас и вашите семејства – рече папата Фрањо.

06 јуни 2023, 12:29

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >