Пребарување

Apostolic Journey of Pope Francis to Hungary

Папата се врати од Унгарија во Рим

Папата Фрањо се врати во Рим во недела, 30 април 2023 година, по тридневното Апостолско патување во Унгарија. Авионот со Папата, неговата придружба и новинарите слета на меѓународниот аеродром Фиумичино во Рим во 19.25 часот.

Во текот на тродневната посета на Унгарија, Светиот Отец се сретна со претставници на владата, граѓанското општество и дипломатскиот кор, со епископи, свештеници, ѓакони, луѓе со посветен живот, семинаристи и пасторални работници, со деца во заводот „Блажент Ладислав Батјани - Стратман, со сиромашните и бегалците, со источните католици, со православниот митрополит Иларион, со младите, со Исусовците, со претставниците на академската заедница и светот на културата и служеше света Литургија со народот, а заврши со молитвата Царице небесна.

Тоа беше 41. Апостолско патување на Папата. На крајот на јули треба да патува за Марсеј по повод Средбата на медитеранските бискупи, потоа во Монголија, а на почетокот на август во Лисабон на Светскиот ден на млади.

02 мај 2023, 09:20