Пребарување

2020.03.17 Giuliana di Norwich

Папата: Јулијана од Норвич, модел на братство за денешното време

Во писмото до бискупот Питер Колинс, по повод 650 годишнина од објавата на англиската мистичарка, папата Фрањо потсетува на великодушноста на оваа жена кон сиромашните и моли сите кои се соочуваат со тешките предизвици од војната, неправдата , еколошка катастрофа или духовна сиромаштија, да ги утеши и зајакне мудроста на таа жена

Папата Фрањо ја изрази својата духовна близина во писмото упатено до бискупот Питер Колинс, по повод 650 годишнина од објавите на Јулијана Норвич, кој ги охрабри ходочасниците од целиот свет да одат во католичките и англиканските катедрали на тој англиски град, со цел да учествуваат на различни екуменски прослави.

Мистичарка служба на сиромашните

Папата истакна дека длабокото значење на оваа англиска миситчарка за христијанската традиција ни зборува веќе со векови и се повеќе се препознава и слави. Тој особено истакна: Нејзиното мајчинско влијание, нејзината скромна анонимност и длабоко теолошките интуиции нè потсетуваат дека верата во Божјата љубовна промисла и светоста на животот, изразени во дарежлива служба на нашите браќа и сестри кои се во потреба, се безвременски вистини, во основа не само на животот на христијаните, туку и на самото ткиво за праведно и братско општество.

Охрабрување за христијаните денес

Ликот на Јулијана е од посебна важност – истакна Папата – поради нејзината дарежливост во прифаќањето на сите што бараа совети и духовно охрабрување.

Таквата подготвеност да го жртвува задоволството за доброто на другите е особено неопходна за да се одговори на ендемичните проблеми на изолација и осаменост што ги чувствуваат многумина во материјално побогатите земји. Во таа смисла, се надевам дека со поголемо ценење на животот на мајка Јулијана, денешните христијани ќе се охрабрат уште поверно и порадосно да го следат примерот на Исус, оној кој дојде „не за да му служат, туку да служи“.

Надевање на доброто, против секоја војна и неправда

Пораката за Божјото милсордие и сочувство објавена на мајка Јулијана е клучна за денеска – објасни папата Фрањо, нагласувајќи дека објавата на Божјата љубов дава скапоцена поука дека, и покрај присуството на злото меѓу нас, сè ќе помине добро.

Затоа се молам сите оние кои се соочуваат со постојаните предизвици од војната, неправдата, еколошката катастрофа или духовната сиромаштија да бидат утешени и зајакнати со овие трајни зборови на мудрост.

17 мај 2023, 13:01