Пребарување

1664957007621.JPG

Папата: Продолжете да молите за мир во Украина

Со оглед на војната која е во тек во Украина, Папата Фрањо повика да продолжи молитвата за мир во Украина: „И да не заборавиме да се молиме за маченичката Украина, барајќи секогаш од Бога дар на мирот“, рече Папата во среда 5 октомври 2022 година, на крајот од својот говор на Генералната аудиенција.

Претходно, Петровиот наследник веќе ја спомена војната поздравувајќи ги ходочасниците од полското говорно подрачје: „Ги упатувам моите топли поздрави до ходочасниците од Полска кои денес се овде. Денес е споменден на Света Фаустина Ковалска. Преку неа Бог му покажа на светот дека спасението треба да се бара во неговата милост. Тоа треба да го запомниме денес, посебно кога зборуваме за војната во Украина. Како што реков на Ангел Господов минатата недела, да веруваме во Божјата милост која може да ги преобрази срцата и во мајчинското посредување на Царицата на мирот. Ве благословувам со сето мое срце“.

Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов во неделата упати апел за мир, наместо вообичаеното обраќање поврзано со неделното Евангелието.

05 октомври 2022, 15:02