Пребарување

Генерална аудиенција: Молитвата и самоспознанието се основни елементи на христијанскиот живот

Молитвата и самоспознанието ни помагаат да се ослободиме одвнатре, духовно да растеме и да го најдеме своето место во животот. Ова го истакна папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда, 5 октомври 2022 година, продолжувајќи со серијата катехези на тема расудување.

„Минатиот пат се занимававме со прашањето на расудувањето, нагласувајќи ја молитвата - сфатена како интимност и доверба во Бога - како нејзин незаменлив елемент. Денес би сакал да додадам дека доброто распознавање на духовите бара и самоспознавање. Ги вклучува нашите човечки способности: сеќавање, разум, волја и љубов. Честопати не знаеме да разликуваме, бидејќи не се познаваме себе си доволно добро и затоа не знаеме што навистина сакаме“, рече Светиот Отец на почетокот од своето размислување.

Препознајте се

Многу потешкотии, и во духовниот живот, произлегуваат поради тоа што навистина не се познаваме себеси, а понекогаш и не сакаме сериозно да се запознаеме, објасни Папата, цитирајќи го духовниот автор Томас Грин:

„Започнав да верувам дека најголемата пречка за вистинско расудување (и вистински раст во молитвата) не е нематеријалноста на Бога, туку фактот дека не се познаваме себеси доволно добро, па дури и не сакаме да се познаваме себеси такви какви што сме навистина. Речиси секој од нас се крие зад маска, не само од другите, туку и кога се гледаме во огледало“.

Спознавањето на самиот себе е исцрпувачко и бара трпеливо истражување на нашата внатрешност, продолжи Папата. И тука човек мора да знае како да се спротивстави на искушенијата на нашето време.

„Искушението не секогаш ни предлага лоши работи, туку работи кои се неуредни и прикажани како претерано важни. На овој начин, нè хипнотизира со фасцинацијата што овие работи ја имаат врз нас: работи кои се убави, но илузорни, кои не можат да го исполнат она што го ветуваат и на крајот нè оставаат да се чувствуваме празни и тажни. Чувството на празнина и тага е знак дека сме појдени по пат кој не не е вистинскиот, кој нѐ води на погрешен пат“.

„Дали сум слободен или дозволувам да ме водат моменталните чувствата и моменталните провокации?

Потоа Папата советуваше дека, што и да правиме, мора да се запрашаме дали тоа го правиме за да се истакнеме или затоа што сакаме да служиме на заедницата.

„Често она што е кажано на ТВ емисија или реклама ни го допира срцето и неволно не тера да појдеме во тој правец. Затоа запрашајте се: „Дали сум слободен или дозволувам да ме водат моменталните чувства и моменталните провокации?

Како помош за добро расудување, папата Фрањо предлага секојдневен испит на совеста:

„Испитот на совеста, е добра навика која ни овозможува тивко да ги преиспитаме настаните од нашиот ден и да научиме што да земеме предвид во нашите пресуди и одлуки, што мислиме дека е важно, што бараме и зошто - и што конечно наоѓаме. Сепак, пред сè, треба да се научи да се препознае она што му дава исполнување на срцето. Затоа што само Господ може да нѐ увери во нашата вредност. Тоа ни го кажува секој ден на крстот: умре за нас да ни покаже колку сме вредни во неговите очи. Не постои пречка и неуспех, што може да ја спречи неговата нежна прегратка“.

05 октомври 2022, 13:58