Пребарување

Vatican News
Група поклоници од Словачка на плоштадот Свети Петар Група поклоници од Словачка на плоштадот Свети Петар  (Vatican Media)

Папата ја потврди пасторалната посета на Унгарија и Словачка

Папата Фрањо во неделата на 4 јули најави дека од 12 до 15 септември ќе престојува во пасторална посета на Словачка. Пред тоа ќе го предводи завршното евхаристиско славење на Меѓународниот евхаристиски конгрес во Будимпешта, Унгарија.

„Среќен сум што можам да најавам дека од 12 до 15 септември оваа година ако Бог даде ќе престојувам во пасторална посета на Словачка“, рече Папата во своето обраќање по молитвата Ангел Господов со верниците на плоштадот Свети Петар. Пред да замине за Братислава на 12 септември во утринските часови ќе го предводи завршното литургиско славење на Меѓународниот евхаристиски конгрес во Будимпешта Унгарија.

„Од срце им се заблагодарувам на сите кои работат на подготовка на тоа патување и се молам за нив. Да се молиме сите за тоа патување и за луѓето кои го организираат и работат на неговата подготовка“, повика Светиот Отец.

Тоа ќе биде второто апостолско патување оваа година после историската посета на Ирак. Токму во разговорот со новинарите на враќање од Багдад, Папата на новинарско прашање за идните патувања најави дека ќе ја посети Будимпешта каде ќе го предводи завршетокот на 52. Меѓународен евхаристиски конгрес, а потоа ќе ја посети Словачка.

Во текот на својата посета на Словачка како што наведува во денешната изјава директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни освен главниот град Братислава, папата Фрањо ќе ги посети градовите Прешов, Кошице и Шаштин. Програмата за посетата на Папата ќе биде објавена дополнително, се додава во изјавата.

05 јули 2021, 09:04