Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда 2 јуни 2021 година Папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда 2 јуни 2021 година  (Vatican Media)

Генерална аудиенција: Исус постојано се моли за секој од нас

Постојаната мисла на Христос за неговите ученици и за секоја личност беше во центарот на размислувањето на папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда 2 јуни 2201 година, која се одржа во дворот на Свети Дамас во Ватикан. И кога сме во грев или кога само пелтечиме некоја молитва, наместо нас Исус ја носи на небото.

Зборовите на Папата на Генералната аудиенција дојдоа по неговите гестови; имено, во дворот на Свети Дамас во Ватикан, Папата ги поздрави скоро еден по еден многубројните присутни верници на аудиенцијата, како да го надоместува личниот контакт од кој долго време мораше да се откаже. Изгледаше како да сака на некој начин да даде вовед во катехеза, која беше врз основа на Евангелието според Лука, кое беше прочитано на почетокот на аудиенцијата, а кое зборува за Исусовата љубов и грижа за неговите ученици.

За време на Последната вечера, Исус им рече на своите ученици: Но вие сте, кои издржавте со Мене во Моите напасти, и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство (...) „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пченица; но Јас се молев за тебе, за да не намали твојата вера; а ти некогаш, кога ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!” Значи, Исус се моли за своите ученици, се моли во моментот на одлуки и во најтешките моменти од неговото земно патување.

Избирајќи ги оние кои подоцна ќе станат апостоли, вели евангелистот Лука, Исус одите во гората и цел нож се молеше, ја поминал во разговор со Бог. Утрото ги избира дванаесетте. Судејќи според тоа како подоцна ќе се однесуваат овие луѓе, се чини дека изборот не бил најдобар - рече Папата и додаде: Но, тоа покажува дека овие имиња биле запишани во Божјиот план. После тоа Исус ги носи своите ученици во своето срце и се моли за нив, дури и кога грешат. Исус е учител и пријател, секогаш подготвен трпеливо да чека на преобраќањето на учениците - рече Папата.

Некој би можел да праша: Но, оче, ако сум во смртен грев, има ли Исус љубов кон мене? Има. Дали Исус продолжува да се моли за мене? Да, тој продолжува. Но, ако сум направил повеќе грди работи и многу гревови… Исус продолжува? Тоа е Исусовата љубов, Исусовата молитва за секој од нас не престанува, напротив, станува поинтензивна; ние сме во центарот на неговата молитва - истакна Папата и предупреди: Ова секогаш треба да го имаме во предвид: Исус се моли за мене, сега се моли пред Отецот и му ги покажува раните што ги донесе со себе за да му ја покаже на Отецот цената на нашето спасение - рече Светиот Отец и истакна дека треба да имаме голема сигурност дека Исус се моли за секој од нас во овој момент.

Исусовата молитва се враќа во важен момент, во моментот на проверка на верата на неговите ученици, кога прво ги прашува што велат луѓето за него, а потоа што мислат тие самите. Потоа Петар одговара во име на сите: „Ти си Христос Синот на живиот Бог.“ На големите пресвртни моменти од посланието на Исус секогаш претходи молитвата, но не само така, „во минување“, туку интензивна, долготрајна молитва. Оваа проверка на вера изгледа дека е целта, сепак за учениците е обновена почетна точка, бидејќи од тогаш, како Исус да се искачи за еден тон во своето послание, отворено зборувајќи им за своето страдање, смрт и воскресение. Во таа перспектива, која инстинктивно предизвикува одбивност кај учениците, како и кај нас кои го читаме Евангелието, молитвата е единствениот извор на светлина и сила. Секој пат кога работите ќе појдат наопаку, треба поинтензивно да молиме - рече Папата и се осврна на настанот Преображението.

Исус „го зеде со Себе Петра, Ивана и Јакова, и се искачи на гората да се помоли. И кога се молеше, видот на лицето Негово се измени“ – стои во Евангелието. Значи – објасни Папата – антиципираната објава на Исус се случи во молитва, додека Синот беше потопен во заедништво со Отецот. Од ова брзо минување низ Евангелието дознаваме дека Исус не само што сака да се молиме како што се моли Тој, туку нè уверува дека, дури и ако нашите обиди за молитва се крајно залудни и неефикасни, секогаш можеме да сметаме на Неговата молитва. Треба да бидеме свесни дека Исус се моли за мене.

Папата потоа се присети на еден бискуп, кој во еден тежок период од животот, погледнал кон куполата на базиликата и го видел натписот: „Јас, Петар, се молам за тебе“; и тоа му даде сила и утеха. Ова се случува секогаш кога секој од нас знае дека Исус се моли за него. Исус се моли за нас. Токму во овој момент – истакна Папата и ги охрабри верниците да го повторат тоа, правејќи еден вид вежба за паметење. (…) Да не заборавиме дека она што го одржува секој од нас во животот е молитвата на Исус за секој од нас; со име, презиме, пред Отецот, покажувајќи му ги раните кои се цена на нашето спасение.

Папата ја заврши својата катехеза напоменувајќи дека дури и ако нашите молитви само пелтечат, ние никогаш не смееме да престанеме да веруваме дека тие допираат до Небото, бидејќи тие се поткрепени со Исусовата молитва. Дури и ако не знаеме да се молиме, Тој го прави тоа за нас, дури и во моментот на искушение, дури и во момент на грев, Исус се моли за нас - рече папата Фрањо.

04 јуни 2021, 13:31

Последни Ауденции

Прочитајте сé >