Пребарување

Vatican News
Папата Фрањо со македонскиот претседател Пендаровски Папата Фрањо со македонскиот претседател Пендаровски 

Папата Фрањо го прими македонскиот претседател Пендаровски

Папата Фрањо на 27 мај 2021 година го прими во аудиенција претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италија и Светиот Престол Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.

Во соопштение од кабинетот на претседателот стои дека на средбата биле истакнати одличните билатерални односи меѓу Македонија и Светиот Престол, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше интересот за продлабочување на односите со Светиот Престол, во сите сфери од заеднички интерес. При тоа го истакнал значењето на католичката заедница во Македонија и нејзиниот придонес во општеството. Претседателот Пендаровски посочи и на значењето што нашата држава го придава на промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи“, стои во соопштението.

На средбата, Пендаровски му подарил дрес на Папата со неговото име напишано на кирилица.

По аудиенцијата кај Петровиот наследник, претседателот Пендаровски оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

28 мај 2021, 09:56