Пребарување

Папата Фрањо со претседателот на Аргентина Алберто Фернандез Папата Фрањо со претседателот на Аргентина Алберто Фернандез  

Папата во Ватикан го прими претседателот на Аргентина

За време на разговорите, високо беше оценета меѓусебната соработка, истакнувајќи го придонесот на Црквата во борбата против тековните предизвици во земјата поврзани со пандемијата и борбата против сиромаштијата.

Во четврток, 13 мај 2021 година, папата Фрањо во Ватикан на аудиенција го прими аргентинскиот претседател Алберто Фернандез. По средбата со Папата аргентиснкиот претседател се сретна и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите, надбискупот Пол Ричард Галагер.

Во соопштението за печат на прес-службата на Светиот Престол се наведува дека за време на срдечниот разговор биле истакнати добрите билатерални односи и намерата за понатамошно унапредување на соработката во области од заеднички интерес. Покрај тоа, соговорниците се осврнале на состојбата во земјата, разговарале за теми како што се надминување на пандемијата, финансиската и економска криза и борбата против сиромаштијата, нагласувајќи го во овој контекст важниот придонес, кој Католичката црква го даде и продолжува да го дава. На крајот, беа споменати и некои регионални и меѓународни теми.

14 мај 2021, 09:50