Пребарување

Vatican News
UKRAINE-CRISIS/

Папата изрази загриженост за зголемувањето на тензиите во Украина

Обраќајќи им се на верниците по молитвата Царице небесна во недела 18 април 2021 година, папата Фрањо повика на смирување на тензиите во Украина, каде во последните месеци имаше зачестени прекршувања на примирјето постигнато меѓу Украина и Русија.

Со голема загриженост го следам она што се случува во некои делови на источна Украина каде што имаше бројни прекршувања на примирјето во последните месеци и со голема вознемиреност го следам зголемувањето на воената активност. Искрено се надевам дека ќе се избегне ескалација на тензиите и напротив ќе бидат направени гестови што можат да ја промовираат меѓусебната доверба и да го поттикнат помирувањето и мирот кои се многу неопходни и многу посакувани. Сите на срце да ја имаме сериозната хуманитарна состојба во која се наоѓа локалното население, на која и ја изразувам мојата блискост и за која ве повикувам да се молите, рече Папата и заедно со верниците на плоштадот измоли Радувај се Маријо.

 

19 април 2021, 09:53