Пребарување

Vatican News
VATICAN-RELIGION-POPE-WAY OF THE CROSS

Крстен пат во Ватикан: Детски поглед на страдањата на светот

На Велики Петок, 2 април 2020 година на плоштадот Свети Петар во Ватикан папата Фрањо ја предводеше побожноста Крстен Пат.

Папата Фрањо ги покани Црквата и човештвото да ги погледнат страдањата на човештвото низ очите на децата, доверувајќи им ги на најмладите да подготват размислувања за побожноста Крстен пат за овогодинешниот Велики Петок.

По втор пат, Страсната недела е обележана со пандемија на коронавирусот, која влијаеше на сите човечки активности, а од тоа не се исклучок богослужбите и побожностите. И оваа година, како и минатата, не беше можно да се одржи Крстниот Пат во Римскиот Колосеум, па колонадата на плоштадот Свети Петар ги рашири рацете за верниците. Освен неделната молитва Ангел Господов, која Папата ја предводи од прозорецот на Апостолската палата, овој Крстен пат е првиот молитвен настан на плоштадот Свети Петар откако е пандемијата.

Побожноста, која ја емитуваа 170 телевизии и радио станици ширум светот, присуствуваа најблиските соработници на Папата и учесници: група извидници од италијанскиот регион Умбрија и катехисти во римската парохија на Светите маченици од Уганда. Сликите што ги придружуваа постојките ги нацртаа деца од сиропиталиштата Mater Divini Amoris и Teto Casal Fatoria. Заедно со своите воспитувачи, тие го носеа крстот од постојка до постојка, а младите ги читаа размислувањата, додека завршната молитва за секоја постојка ја молеше папата Фрањо.

Едноставни и директни зборови произлегоа од усните на децата, со целосна свесност за дискриминацијата и понижувањето, како и за правдата и солидарноста. Зборови и слики што ја отсликуваат комплексноста на светот во кој нема мали и големи крстови, но и доверба и надеж. Некои сведочат за кавги меѓу родители, некои немаат храброст да заштитат пријател, некои се чувствуваат поразени по негативната оценка во училиштето, некои наоѓаат извор на храброст во охрабрувачката прегратка на нивната мајка, некои се чувствуваат осамено, некои ги препознаваат изразите на лицето на Исус во лицето на странец…

Еден од возрасните читачи ја изговори последната молитва: „Господи помогни ни да станеме како нив, кои имаме потреба од сè, отворени за живот. Направи да ја вратиме чистотата на видот и срцето. Те молиме да ги благословиш и заштитиш сите дете во светот за да можат да растат во годините, мудроста и благодатта, да го препознаат и следат доброто кое сте го испланирале за секого. Благослови ги и родителите и оние кои работат со нив во воспитувањето на овие твои деца, така што тие секогаш ќе се чувствуваат соединети со тебе преку дарот на животот и љубовта“.

После оваа молитва Папата го упати својот апостолски  благослов.

06 април 2021, 08:47