Пребарување

1617697427556.jpg

Апелот на Папата по повод поплавите во Индонезија и Источен Тимор

Папата Фрањо во среда 7 април 2021 година се спомна на жртвите од поплавите што ги погодија Индонезија и Источен Тимор.

Во моите молитви, ги вклучувам жртвите од поплавите што ги погодија последните денови Индонезија и Источен Тимор. Нека Господ ги прими починатите во своите прегратки, нека ги утеши нивните семејства и нека им помогне на оние што останаа без покрив над главата, рече Папата во апелот за време на редовната Генерална аудиенција во среда.

12 април 2021, 15:56