Папата повика на молитва за Апостолското патување во Ирак
Во обраќањето до верниците на крајот од Генералната аудиенција во среда 3 март 2021 година, папата Фрањо побара молитвена поддршка за време на неговото патување во Ирак. Пред да го даде својот благослов на крајот од Генералната аудиенција Папата рече:
„Ако даде Бог, задутре ќе заминам во Ирак на тридневно поклонение. Долго време се обидував да го запознам овој страдален народ, да ја запознам оваа маченичка Црква во земјата на Авраам. Заедно со другите верски водачи, ќе направиме уште еден чекор напред за братство на верниците. Ве замолувам да го придружувате ова Апостолско патување со молитви за да може да се одвива на најдобар можен начин и да ги донесе очекуваните плодови. Ирачкиот народ не чека. Го чекаше Свети Иван Павле II, кому му беше забранет влез. Не смееме да ги разочараме луѓето по втор пат. Се молиме ова патување да помине добро“, рече Светиот Отец.