Пребарување

Vatican News
Авионот со телата на жртвите од нападот пред полетувањето на аеродромот во Гома Авионот со телата на жртвите од нападот пред полетувањето на аеродромот во Гома 

Сочувство на Папата за убиениот италијански амбасадор

Сочувство на Папата за убиениот италијански амбасадор Папата Фрањо на 23 февруари вечерта испрати телеграма со сочувство до италијанскиот претседател Серџо Матарела по повод убиството на италијанскиот амбасадор Луче Атанаси во нападот во ДР Конго.

Во нападот на конвој на Светската програма за храна (WFP) убиени се и еден италијански полицаец и возач од Конго објавија светските агенции на 22 февруари. Во телеграмата со сочувство, Папата изрази длабока тага за веста за жртвите, која ги нарече слуги на мирот и изрази сочувство до нивните семејства, дипломатскиот кор и полицијата.

Тој му оддаде признание на амбасадорот Атанасиј како примерен сведок и извонредна личност и христијанин кој беше посветен на создавање братски и срдечни односи за воспоставување мир и хармонија во срцето на таа африканска земја. Меѓу другото, Папата посочи дека убиениот италијански карабинер Виторио Јаковачи, „стручњак кој служел великодушно“, се подготвувал да основа семејство.

Светскиот Советот на црквите исто така изрази сочувство до семејствата на жртвите, осудувајќи го нападот како акт на бесмислено насилство врз оние „кои сакаа да помогнат во ублажување на гладот на луѓето“.

24 февруари 2021, 12:50