Пребарување

Vatican News
2019.11.29 Saints

Папата одобри осум декрети за чуда и херојски крепости

Во сабота 20 февруари 2021 година папата Фрањо го прими префектот на Конгрегацијата за прогласување на блажени и свети, кардинал Марсело Семераро, и одобри прогласување на осум декрети - признавање на чуда преку застапништво на италијанската лаикиња и херојски крепости за уште седум Слуги Божји

Се признава чудото преку застапништво на италијанската лаикиња Армида Барели (1882-1952), соосновачка на Католичкиот универзитет во Милано и световниот мисионерски институт на Христовото Царство и со тоа се отвора патот за нејзина беатификација. Барели исто така била многу активна во лаичкото движење Италијанска католичка акција.

Херојски крепости се признаваат на англискиот свештеник пасионист, Игнатиј од Свети Павле (1799-1864), португалскиот свештеник Албино Алвес да Куња Силва (1882-1973), италијанската августинка сестра Марија Фелисити Фортунати Басеџио (1752-1829), италијанските мисионери од Друштвото на сиромашните сестри на Богородица сестра Флоралби Ронди (1924-1995), сестра Кларангели Гиларди (1931-1995), сестра Динароси Белери (1936-1995) и италијанската лаикиња Елиса Џамбелука (1941-1986).

20 февруари 2021, 21:10