Пребарување

Vatican News
Папата со деца клиника за онкологија во Вроцлав Папата со деца клиника за онкологија во Вроцлав  (@VaticanMedia)

Близина на Папата со децата болни од малигини заболувања

На 15 февруари 2021 година, на XX Светскиот ден за детските малигни болести, патологија која секоја година во светот погодува повеќе од 300.000 деца на возраст под 19 години, папата Фрањо објави на Твитер порака во која ја искажува својата близина со младите пациенти и со сите оние кои работат за надминување на овие болести.

Гоце Костов

„Господ нека ги вдахнови сите да застанат покрај страдалникот, посебно до малите и да ги стават слабите на прво место. На Богородица и ги доверувам лекарите и сите болни деца, за да ги чува со својата мајчинска љубов“. Со овие зборови содржани во Твитер порака, папата Фрањо ги изрази своите чувства на блискост и солидарност кон сите оние кои работат во одделенијата за онкологија на детските болници. Дваесеттиот светски ден за детските малигни болести е посветен на здравствените работници и младите пациенти.

16 февруари 2021, 12:25